АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола завчера распиша тендер за прибирање на понуди за 24 часовно обезбедување и мониторинг на Офицерскиот дом. Право да се пријават имаат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење на ваква дејност. Краен рок за доставување на понудите е 16 април.
Целта е да се заштити објектот од понатамошно оштетување, демолирање, како и од влегување на несовесни граѓани во внатрешноста на објектот. Од Општина потврдуваат за Апла.мк дека ова не е прв тендер што се објавува за обезбедување на Офицерскиот дом, туку дека претходно имало и друг и дека објектот веќе има 24 часовно обезбедување и мониторинг. Новиот тендер се објавува за да не настане вакум простор во обезбедување на Офицерски откако ќе истече постоечкиот договор за обезбедување. Претходно, имаше најави за поставување на лимени барикади околу објектот, но дознаваме дека тоа може да биде проблематично бидејќи се работи за објект под заштита.