АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Електростатските филтри не се реконструирани откако постои РЕК Битола, но тоа годинава ќе се промени. Објавата за избор на изведувач на работите ќе се случи во текот на месецов, а работата на терен предвидена е кон крајот на летото. Прво ќе се реконструира електростатскиот филтер на Блок 3, а во следните две години и филтрите на Блок 1 и Блок 2. Работите мора да се одвиваат сукцесивно бидејќи за времетраење на реконструкцијата блокот мора да биде надвор од функција. По завршувањето на реконструкцијата на електростатските филтри, ќе следува и проектот за десулфуризација, вели генералниот директор на РЕК-Битола, Златко Ќурчиевски