
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден ,12 септември 1942
На 06.05.1942 година, при обид да биде легитимиран од бугарскиот обласен полициски началник Ќурчиев, наместо да му ја даде личната карта на началникот, Народниот херој Стеван Наумов-Стив од џебот изваде пиштол и на лице место го уби овај злогласен крвник. Убиството се случи во центарот на Битола во месноста позната – кај Калугериците.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН , 12 септември, во 1942 година, од бугарската окупаторска полиција, кај селото Болно, Ресенско, е убиен Стеван Наумов-Стив, истакнат припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.