АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Учениците од Нижото државно музичко училиште во Битола вечерва со прекрасните изведби на класичка музика ја воодушевија публиката во Малата сала на Центарот за култура во Битола.
Средношколците од Државното музичко училиште во Битола денеска после пладне, одржаа мини концерт со композиции од класична музика пред „Веро“ на Широк сокак вклучувајќи се во хуманитарната акција за лекување на Сара Настеска. Битолчани изненадени од гестот на учениците донираа за лекувањето на девојчето.
Средствата собрани на овој настан ќе бидат донирани за лекување на Сара, 15 годишното девојчето од Охрид, на кое итно и е потребна трансплатација на коскена срж.
-Голема благодарност до сите хумани луѓе кои помогнаа успешно да ја реализираме акцијата. Средствата се уплатени, велат учениците од Средното државно музичко училиште во Битола.
Професорите задоволни од постапката на своите ученици напишаа - нашите ученици уште еднаш покажаа дека музиката и хуманоста не познаваат граници. Среќни сме што идеата да се помогне, да се спаси еден детски живот, произлезе од децата!
Како круна на едногодишната работа, вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, се одржа годишниот концерт на Државното музичко училиште од Битола. Концертот го отвори настапот на средношколскиот хор под диригентска палка на проф. Лилјана Трајковска Димевски, исполнувајќи ја „Не ме тажи мајко“ од Т. Прокопиев.
Полскиот амбасадор во Р. Македонија неговата екселенција Јацек Мултановски, заедно со својата сопруга Кинга Мултановска го посетија Државното музичко училиште во Битола и донесоа музичка литература од композиторот Ф. Шопен за потребите на младите музички таленти во школото.
Амбасадорот Мултановски оствари средба со директорката на училиштето Катарина Велковска и професорката по пијано Татјана Божиновска.
-На средбата се разговараше за состојбите во нашето училиште и следните планови, а амбасадорот ни додели и литература од композиторот Шопен, што ќе биде од огромно значење за идните генарации во нашето училиште, рече директорката Велковска.
Оваа средба се должи и на 25 годишната соработка на Државното музичко училиште од Битола со Друштвото за македонско-полско пријателство и соработка „Висла“ и манифестацијата „Шопенова вечер“, која традиционално се одржува во чест на композиторот од времето на романтизмот Фредерик Шопен, кој пак се смета за еден од најголемите композитори за пијано на сите времиња, вели за апла.мк директорката Велковска.
Катaрина Кети Велковскa е новиот директор на Државното музичко училиште во Битола. Таа е професор по солфеж и една од наставниците чии ученици се најнаградувани на државните натпревари со специјални и први награди.
Велковска го започна мандатот по Нова година, а нејзина заложба ќе биде нижото и средното музичко училиште во Битола да бидат во една иста зграда,