АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во организација на Здружението за негување антифашистичките традиции АНТИФА, утре 1 ноември (петок), во 19,30 часот во галерискиот простор „Магаза“ ќе биде промовирана книгата „Попатни паралипомени“ од авторот д-р Александар Литовски, а промотор е Роберт Алаѓозовски.
Во Музејот на град Зеница во Босна деновиве е поставена изложбата „Невестински соништа“ на етнологот д-р Мери Стојанова, кустот советник во битолскиот Завод и музеј. Изложбата се состои од постери и пет копии сувенири на невестиснки ковчези од 19 и почетокот на 20 век во кои невестите го носеле својот чеиз.
Средношколката Костантина Ушковска деновиве имаше самостојна изложба, а нејзините ликовни дела беа исложени во библиотеката на гимназијата “Јосип Броз-Тито” во Битола, каде таа учи. Нејзината љубов кон уметноста и сликањето се јави уште од мала возраст и се развиваше со текот на времето.
Сликите на Ушковска се решително контемплативни. Насловот на оваа изложба “Tell Me When We Draw The Line”, произлезе баш од нејзините чувства кон природата, луѓето околу неа, но и чувствата кон самата себеси. Нејзините дела се рефлексија на чувствата на човекот во секојдневието, и тие го опишуваат својот суптилен и задоволувачки шарм. Тензијата во нејзините дела влегува преку комбинација на релативна тишина и непријатната бучава, но сепак севкупно останува спокојството.
Поддршка за настанот на талентираната средношколка и дадоа професорот Александар Поповски и библиотекарот Драган Ристевски.
Во СОУ „Таки Даскало“ во Битола во соработка со Младинскиот образовен форум во четвртокот беше отворена патувачката изложба „Ана Франк - Историја за денес“
Ученици од Битола во соработка со Регионалното географски друштво „Геосфера“ и Астрономско друштво од Битола на едукативната изложба „Патување низ сончевиот систем“ сонцето го намалија 23 милијарда пати, како да е тениско топче, а постери и макети од другите планети ставија низ Широк Сокак.
„Со акцијата сакаме да го свртиме вниманието на младите, да ја возобновиме онаа идеја којашто пред повеќе години беше актуелна за изградба на мала опсерваторија на Тумбе кафе. Покрај сите работи во државата, треба малку да се внимава и на делот на науката. Децата навистина имаат голем интерес за астрономијата и сакаат да учествуваа во вакви активности“, рече Мите Ристов од „Геосфера“-Битола.
Во Битола, посебно во гимназијата „Јосип Броз Тито“ отсекогаш имало ученици заинтересирани за изучување на астрономија, но бидејќи нема Факултет за астрономија во земјава, туку само насока на Природно-математичкиот факултет, повеќето од нив заминаа да студираат во странство.
„Да не го заборавиме Александар Шулевски, кој е во Белгија, благодарение на него Астрономското друштво ѝ донира на ‘Геосфера“ телескоп не е со голема можност, но е доволен за да ги придобие сите вљубеници во астономијата“, рече Ристов.