2win800x200

Директно

По повод Светскиот ден на книгата, Апла.мк ја запраша градоначалничката на Битола м-р Наташа Петровска која книга од прочитаните ѝ оставила најголем впечаток. Нејзиниот одговор е „Дервишот и смртта’’ од Меша Слимовиќ.

Македонските граѓани од денeска треба да носат заштитни маски за да го спречат ширењето на коронавирусот, а се скратува и пшолицискиот час. Според Уредбата донесена од Владата, заштитна опрема на лицето мора да се носи на сите затворени јавни места каде има повеќе луѓе, како што се пазари, продавници, банки, пошти, државни и здравствени установи, јавен превоз. На отворен простор, маските мора да се носат на пазари и места каде не постои можност за одржување на физичко растојание од два метра.

Тројца болни од КОВИД-19  во Битола се излекувале од болеста. Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека излекувани се двајца пациенти од болничко лекување и едно лице од домашно лекување. Нема прецизни податоци дали двајцата пациенти кои се лекувале на болница се битолчани или пак од друг град со оглед на тоа дека на Инфективното одделение се лекуваат и пациенти од  Струшко. 

Младиот музички талент Божидар Николовски од Битола објави видео на кое го пее незаборавниот хит на Џина Папас Џокси „На Велигден сум се заљубил“. Песна е посветена на љубовта за Велигденските празници. Божидар под видео материјалот напиша „Велигден не е Велигден без оваа песна... Ама вљубувајте се после короната“. 

Кој вели дека веќе нема градски битолчани  и дека не се зачувал дијалектот? Токму фејсбук групата „Стари битолчани“ основана од битолчанецот Благој Митревски деновиве покажа дека духот на битолчани и спомените за стара Битола и тоа како се живи, а зборовите по битолски течат ко река. Групата брои над 5000 членови, а нивниот број секојдневно расти. Можат да се прочитаат битолски муабети, подзаборавени зборови, фрази и други чамче муабети. Некои од нив разбирливи само за битолчани.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани