2win800x200

Директно

Од 1979 година до сега, поточно во изминатите четири децении највисокиот врв на Алпите Монт Блан го искачиле 66 планинари од Битола, а некои од нив и повеќе пати, соопштија од Планинарско спортскиот клуб „Димитар Илиевски“ од Битола.

Изградбата на колекторскиот систем на Пелистер продолжува, а во оваа фаза се предвидува изградба 5,6 километри од мрежата, додека во следната фаза треба да бидат изградени уште 4 километри, со што комплетно ќе се заокружи колекторот во Потпелистерието, кој ќе ги зафаќа отпадните води од кои сега ги загадуваат пелистерските извори и водотеци. Минатата година за негова изградба беа вложени 6 милиони денари, а за активностите годинава издвоени се 14,5 милиони денари.

Битолчанки носеле елегантни венчални фустани и превези на свадбените церемонии уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Ова го вели познатиот битолски фотограф Петар Ставрев кој пред неколку години на Локум фест ја постави изложбата „Битолски свадби“. Тогаш имаше можност да избере фотографии од богатиот опус на Милтон Манаки.

Стотина параглајдеристи денес во различни бои го обоија небето над Битола, а нивниот воздушен танц низ фотообјективот успеа да го „улови“ битолската фотографка Ивoна Кочов. Параглајдеристите се дел од Светското првенство кое се одржува во Крушево каде има 150 учесници од 49 земји. Во рамки на своите дисциплини тие денес имаа прелети од Крушево кон  Острец и Големо Коњари преку 100 километри. 

Битолскиот велосипедист Јовче Даскаловски од клубот „Екстрим бајк тим Битола“ на Државниот шампионат во спуст во Грција успеа да победи во дисциплината сингл краун.

Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период,  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!

Македонскиот музички волшебник, кој средно музичко училиште го завршил токму во градот на браќата Манаки, Битола, композиторот Љупчо Константинов, е годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што годинава по јубилеен 40 пат ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани