2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Директно

Наташа Петровска е новиот градоначалник на општина Битола.

СДСМ и коалицијата слават. Наташа Петровска води убедливо со над 7500 гласови, пред Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ . Пратеникот Васко Ковачевски најави победа за градоначалник на Општина Битола ,и убедливо мнозинство во Советот. Според аналитичкиот центар на СДСМ, од обработени  избирачки места 17000 гласови одат на контото на  Наташа Петровска , наспроти 9300  гласови за Зоран Илиоски. Од СДСМ велат дека„ граѓаните на Битола докажаа и покажаа дека сакаат живот во Битола за сите“.

Според информации од ОО на СДСМ, од обработени гласови од 38 избирачки места, СДСМ е во водство. 

Забележани се случаи на масовен транспорт на гласачи со комбиња од битолската населба Баир, соопшти Џабир Дерала од невладината организација „Цивил“.

До 17 часот гласале половина од гласачите од  Битола евидентирани во единствениот избирачкиот список. Според информацијата од Зоран Насев, претседател на Општинската изборна комисија, до 17 часот попладнево гласале 50 проценти од гласачите во Битола. Битолчани на овие избори избираат градоначалник меѓу четворица кандидати и советници од пет листи. 

Земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според рихтеровата скала е регистриран денеска во 5 минути до 12 часот со епицентар во соседна Грција, на 22 километри јужно од Битола.

Жешка есен во Битола, не само поради локалните избори, туку и по високата температура нестандарднa за овој дел од годината.  Есен е, а во Битола како да започнува летото, температурата деновиве достигна до 22 степени Целзиусови, а топло време се очекува и во недела на денот на изборите. По гласањето ќе остане да се види дали битолчани со својот избор ќе донесат ќе лето или есен во општината. 

Битолчани да си ја вратат тапијата од Битола, порачаа денеска од ВМРО-ДПМНЕ, но, не посочија каде е, кој им ја одзел и од кого треба да ја земат. Партијата која 10 години ја имаше централната власт и 12 години, односно три мандати, локалната власт во Битола, денес на последниот ден од изборната кампања за овие локални избори, обвини за притисоци и закани од страна на СДСМ врз јавната администарација, пензионерите, ранливите категории граѓани...

До пред неколку години власта на ВМРО-ДПМНЕ плаќаше големи суми пари за реклами за здрава храна, во која се готвеа намирници од таканаречениот шпајз на Македонија, а тогаш не беа одделени средства за здрав оброк на децата по школите. По единаесет години централна власт и дванаесет на локална, допрва ќе прават промени во исхраната по школите. Проблемот со нездава исхрана и гојазност кај децата не е нов, напротив за него здравствените работници алармираа сите изминати години..

Претставата „Сон на летната ноќ“ од Шекспир, а во режија на Џон Блондел, со која Народниот театар од Битола гостуваше на Охридско лето, овој петок и во понеделник идната недела ќе биде изведена пред битолската публика на големата сцена во битолскиот театар. Во изминатиот период најголемиот дел од претставите се играа на други сценски простори во театарот кои беа потесни, за помал број на гости и помалку удобни, па битолчани присакаа да гледаат претстава во покомотни услови.

-Во оваа претстава на сцена сме 17 актери, голема екипа и се игра претставата на големата сцена, па сакам да ги поканам сите оние кои ме среќаваат на улица и често ме прашуваат „добро, кога ќе има претастава на голема сцена, сакаме да ве гледаме на голема сцена“. Ќе има место за сите, дојдете утре вечер на удобните столчиња на битолскиот театар- рече актерката Викторија Степановска Јанкуловска.

Режијата е на Џон Блондел, шекспиролог од Санта Барбара, Калифорнија, кој во изминатите години често пати гостуваше во Битола соработувајќи со театарот на проекти повразни со делата на бесмртниот Шекспир.

-Се сеќавам дека на една од првите проби со Џон пред неколку години тој ја запре пробата и ни кажа:„за мојата екипа со која ја работам во Америка да ја доведам во вашата природна емотивна состојбa и темперамент правам еднонеделни работилници за да ги поттикнам другите американски актери да бидатона што сте вие природано. Многу сум возбуден кога ќе видам што се случува кога вие ќе заиграте на сцената тоа е една цела експозија на чувства„- рече актерката Маја Андоновска Илиејвски, интерпретирајќи поранешен настан со режисерот.

Претставата утревечер е со почеток од 20 часот.DSC 7081

По ова од понеделник Битолскиот народен театар започнува со подготивка на роденденската претстава која ќе се игра на 14 ноември, а ќе ја спремат со сопствени средства. Тоа е претставата „Крвави свадби“ од Лорка, во режија на Љупчо Ѓорегиевски. Овој режисер досега има добиено бројни награди за своите режисерски остварувања, а минстата година „Кралски игри“ во изведба на Битолскиот театара и негова режија беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот „Војдан Чернодрински“. За жал, во изминатите години не беше меѓу поекспонираните режисери на битолската театарска сцена.

-Во подготовки сме на прослава за 73 роденден на театарот, која ќе трае од неколку дена- рече новиот директор Иван Јерчиќ.

Според најавеното, се очекува прославата по повод 73 роденден на театарот да биде поразлична од роденденските изданија во минатите години кога актерите и другите вработени од театарот на сцена играа, пееја и промовираа други таленти. Тоа на почетокот беше многу интересно и повелече голем публика, но сличните изданија последните години доаѓаа како реприза и го спласнаа интересот кај публиката.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани