АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Повеќе битолски семејства сѐ уште се оставени без дрва за огрев иако од подружницата на „Македонски шуми“ во Демир Хисар во понеделникот ветија дека за три до четири дена доставата ќе биде извршена.
Семејствата кои на време ги платиле дрвата ставуваат дека со обилните дождови сигурно испораката ќе се издолжи, а времето е веќе студено и нема со што да ги згреат домовите. Меѓу нив има и стари луѓе.
„Уште не се стигнати дрвата, а сега со дождот надежта ни се стопи. Моите родители, дрвата ги имаат исплатено, а истите не се стигнати. Пратив мејл до ‘Македонски шуми’, не вратија, се јавуваме по телефони, не краваат, пишав и порака, но сè уште нема никаков одговор“, реагира битолчанката Ивана Атанасовска.
Без успех завршија и нашите обиди телефонски да се информираме во подружницата во Демир Хисар кога семејствата ќе го добијат платениот огрев. На телефонските повици или никој не одговара или ни исклучуваа. Во понеделникот токму од тоа шумско претпријатие ни беше кажано дека застојот во доставата е поради задоцнетото распишување тендери годинава, но и поради лошите временски услови. Тогаш ветија дека за три до четири дена на сите семејства кои им биде доставен огревот.