АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во депонија се претворени некогашните простории на Дирекциите на Министерството за финансии и на Управата за имотно-правни работи во Битола. Просториите кои се во распаѓање се наоѓаат во центарот на градот кај Дрвен Пазар. Освен лошата слика, од внатре се шири и лоша миризба. Украдена е целата дограма, уништени се покривите и подот, а ѓубриште е расфрлено на сите страни. Службите одамна се иселија, а местото прерасна во збиралиште на бездомници, зависници на дрога и нужник на случајни минувачи. Ваква е состојбата подолго време, па дури и некогашното службено возило е обраснато со коров.
Локализиран е пожарот во комуналната депонија „Мегленци“ кој избувна вчера во попладневните часови. На екипите кои се на терен им пoмогна дождот што попладнево заврна во Пелагонија, но директорот на ЈП „Комуналец“ од Битола, Панде Боговски, вели дека опасноста и натаму е присутна, затоа што огнот тлее во внатрешноста на ѓубриштето
Шеесетгодишниот Р.П. од село Лопатица вработен како машинист на работна машина-багер, се здобил со тешки телесни повреди извршувајќи работни задачи во депонијата „Мегленци“, сопственост на Јавното претпријатие „Комуналец“, во Битола. Настанот се случил вчера околу 9 часот.
Јавните претпријатија „Стрежево“ и „Комуналец“ го исчситија отпадот од купишта расфрлени пелени во близина на вештачката акумулација „Стрежево“.