АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
СВР Битола, до Основното јавно обивнителство Битола, поднесе кривична пријава против Д.Т.(58) од Демир Хисар поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување" казниво по член 353 од Кривичниот законик.
Пријавениот Д.Т., во својство на заменик командир на Шумска полиција во Демир Хисар, во два наврати постапил спротивно на неговите овластувања. Имено, во с.Смилево и с.Прибилци биле затекнати две лица како со возила превезуваат огревно дрво без документација, но пријавениот, иако бил должен, не поднел барања за поведување прекршочна постапка против лицата, а наредниот ден им ги враќал возилата.
Изминатата недела битолската шумска полиција во неколку одделни акции против нелегалната сеча и транспорт на дрва одзеде две моторни пили, како и една рачна пила.
Против сторителите на нелегалната сеча ќе бидат поднесени соодветни пријави до институциите.
Битолската шумска полиција и на почетокот на оваа година со полни раце работа. Во неколку акции против нелегалната сеча и транспортот на огревни дрва одземемени се две патнички моторни возила, моторна пила и околу 3 м3 огревни дрва. Против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Изминатите два дена во две одделни акции на битолската Шумска полиција одземени се Рено 19, Лада Самара, Застава 101 кои превезувале бесправни огревни дрва, како и една моторна пила.
Во текот на месец септември Битолската шумска полиција со полни раце работа.