2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Една од значајните работи која го облагородува нашиот живот се луѓето кои ги среќаваме. Накои од нив остануваат цел живот, други се само минувачи низ него. Секој кој ,,влетал,, во него добил шанса да го менува нашиот живот преку добри или лоши заеднички искуства. Луѓето кои ги привлекуваме на нашето животно патување се само наши делови.

Еве едноставна вежба за разјаснување. Пример: помислете на тоа дека внатре во себе имате 6 делови. Три од нив кои ви се допаѓаат и три кои не ви се допаѓаат. Пример: ведра, позитивна, упорна и неодлучна, нетрпелива и понекогаш импулсивна. Тргнете од било кој и размислете која личност која ја познавате ја отсликуваа оваа ваша особина. Кога ќе ги пронајдете ќе забележите дека секој од нив на некој начин е поврзан со појавувањето или формирањето на таа особина кај Вас. Се додека не се усогласите со тој дел во себе, Вие ќе привлекувате луѓе кои ќе го отсликуваат тој ваш дел. Кога ќе ги задоволите потребите на тој дел тогаш или се разделувате со луѓето во вашиот живот или го подигнувате нивото на соработка една скала погоре.

Она на што реагираме кај другите, тоа се наши делови. Ако престанеме со осудување , поправка и критика и пристапиме со прифаќање и разбирање ќе видиме дека тоа ние го имаме во себе. Секој човек со кој имате интеракција ви зборува нешто за Вас. Тој е тука за ние да дознаеме како реагираме на нешто, колку сме спемни за нешто. Вашата реакција на другите луѓе ви покажува каде сте Вие, ви ги покажуваат вашите силни или слаби страни. Лелица Тодорович тоа го објаснува вака: ,, Доколку другата личност во Вас предизвика љубов, тоа ја огледа вашата способност да сакате. Доколку Вие во другата личност предизвикате љубов, во тоа се оглeда нејзината способност да сака. Доколку некој ви завидува, тоа ја отсликува неговата способност од завист.,,

Поентата е во тоа како ние реагираме на она што другата личност прави. Тоа е наше огледало и секогаш ја покажува моменталната состојба. Кога ние се менуваме во огледалото гледаме сосема нова слика-исти луѓе, исти ситуации кај вас предизвикуваат различна реакција.

Ако ова само ве заинтригра и сакате да дознаете нешто повеќе, може да присуствувате на некоја од Работилниците посветени на личен развој и НЛП или да закажете индивидуална средба. За било која информација пишувате на е mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пишува: м-р Билјана Галовска, пред. на Бизнис Академија Смислевски,  NLP master coach

Дали некогаш се прашувате себеси што е тоа што ве поттикнува да размислувате на некаков познат начин за Вас или само сте ,,во чудо,, кога некој размислува тотално спротивно од Вас. Можеби го сметате за будала, губитник, кукавица, глупав или препаметен? И вообичаено за Вас е тоа дека вашето гледиште е она правилното, а туѓото ,,погрешно,,. Едноставно не можете да разберете како му доаѓаат такви мисли и од каде?

Ако ви е важно да проникнете во себеси и да ја олесните, продлабочите или ја подигнете на едно ново ниво меѓусебната комуникација, треба да постанете свесни дека постојат востановени обрасци на размислување кај секој од нас. Тие се формираат во текот на животот моделирани од примерот кој сме го гледале, начинот на воспитување, однесувањето на нашите родители, околината во која сме раснеле, сопствената слика која сме ја формирале за себе, како и нашиот пристап кон сопствените порази и триумфи.

За да ја подигнеме на едно ново скалило комуникација со луѓето кои ни се важни мора за почеток да прифатиме дека она што е во нашиот ум, не мора да е во нечии друг. И скоро никогаш не е. ТЕРИТОРИЈА е се она што е надвор од нас. Она што е внатре во нас за секој од нас е различно и тоа се вика МАПА. Мапата е нашата сопствена перцепција и интерпретација на она што го гледаме надвор од нас. Кога ќе разбереме дека ,,Мапа не е територија,, и не постојат прогрешни и правилни мапи тогаш можеме да прифатиме сечие мислење поаѓајќи од тоа дека не мораме да исправаме нечија мапа и да ја доведуваме да биде согласно нашата.

Неможноста да се разбере нечија туѓа мапа е само образец во кој сме заклучени. Тој не ограничува да проникнеме во различниот модел на светот и преку активно слушање научиме нешто повеќе и за себе и за перцепцијата која ја интерпретира соговорникот. Од друга страна неможноста да се препознае гласот на егото и да се сведе на минимум може потполно да не попречи да прифатиме дека постои друго гледиште кое не е нималку слично на нашето и да го сметаме тоа за потполна лудост. Тоа не е толку страшно колку што е внатрешниот дијалог кој го водиме со самите себе, вртејќи ист филм како хрчакот во својата пластична топка.

Низ животните лекции кои ни ги овозможуваат секојдневните ситуации,по пат на искуствено учење или ,,учење од улицата,, ќе спознаеме одредени работи. Ако тоа се надополни со соодветна едукација се добива производ кој сте самите Вие со сосема друг образец во кој владее она ,,мапа не е територија,,. А кога тоа ќе го инкорпорирате во вашиот секојдевен mindset вашата комуникација и вашиот внатрешен дијалог ќе се движат по нов образец кој дава слобода и го подигнува квалитетот на вашата комуникација.

Ако сите знаеме дека од квалитетот на нашата комуникација е одреден квалитетот на нашиот живот тогаш да поченеме од себе и својата мапа.

Пишува,

М-р Билјана Галовска - NLP master coach, Предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Постојано слушаме како треба позитивно да се размислува, колку ние сме ,,виновни,, за работите што ни се случуваат и како ние го креираме нашиот живот по наша мерка. Некаде прочитав - ,,наполнете го вашиот ум со позитивни мисли и се ќе почне да се менува,,. Не дека ова е погрешно, но понекогаш помислувам дека некои статуси се недоволно објаснети и може да предизвикаат поголема штета отколку корист посебно ако не затекнат во негативно расположение. Зошто? Затоа што без претходна едукација околу позитивната мисла се банализираат многу нешта. Поентата е во тоа што најчесто се вели дека не постои ,,проблем,, туку само ,,предизвик,, и важно е каков поглед имаш на тоа. Да размислиме вака - ако човекот боледува од нешто, ако изгубил некој близок, ако е загрижен за некој од семејството се поставува прашањето дали постои проблем или предизвик? Како и да го наречете ТОЈ постои, но ако го негирате и ако на сила го нарекувате ,,предизвик,, тој уште повеќе ќе расте. Да се знае дека не е до говорот до емоцијата е. За да се активира моќниот и прочуен Закон на привлекување (универзумот) треба да започнете со мислата затоа што таа е претходник на емоцијата. Без мисла нема емоција, а емоцијата во случајот е клучот. Мислата не привлекува, туку привлекува емоцијата. Познато е дека сме вибрациски суштества и дека не постојат случајности или случајни случувања. Но, постои свесност при изборите и одлуките. Така стануваме одговорни за сопствениот живот кога во свои раце ја земаме одговорноста за сопствените одлуки и постапки. А, тука влегуваат и одлуките за позитивен фокус во нашиот живот.

Ако постои проблем секогаш постои и решение. Предизвикот е дистанцата помеѓу проблемот (или ситуацијата во која што сме), а не ја сакаме и решението односно посакуваната состојба. На таа дистанца и е потребна позитивна мисла,која треба да јави позитивна емоција,верба во себе, љубов кон животот и прифаќање на сето она што неможеме да го промениме. Во тешките моменти треба да практикуваме благодарност, па така ќе се поместуваме чекор напред до крајната дестинација. Иако некогаш треба да се даде време на времето секогаш имајте во предвид дека имате право да имате позитивна емоција за себе и кога не ви е добро. Секој има своја вредност на овој свет токму таков каков што е и ниеден друг неможе да пополни нечие место на земјата!

Пишува: м-р Билјана Галовска coaching & NLP master

Предавач на Бизнис Академија Смилевски, инфо:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Фантазиравте како деца?! Или сега преку вашите деца се сеќавате како и Вие кога бевте на нивна возраст често ,,заминувавте“ надвор од овој ,,реален свет“ преку своите мисли. Или пак често им велите ,,не фантазирај?“ Дури и може да се вратите во детството и да се сетите како сте фантазирале како деца и за што најчесто!

Како созреваме и старееме неможеме ни да се сетиме што е фантазија- и би го дефинирале како ,,леташ таму некаде во некој нереален свет што личи на научна фантастика“. Карактеристично за нас возрасните е да живееме во реалноста, во моментот опколени од милион реални ситуациии во кои е глупаво да се занесуваме. Е, баш тој прекин на било каква мисла неврзана со реалноста која ја живееме не спречува истата да ја креираме во правец во кој сакаме. Зошто? Затоа што ,,возрасните неможат да се лажат себеси и да фантазираат“. Зошто? ,,Затоа што не е нормално!“

Ова уверување уништило повеќе амбиции, кариери, просперитет и напредок кај повеќето од нас. Но, сега го поставувате прашањето како со фантазијата можеме да ја добиеме работата која цел живот сме ја посакувале? Се прашувате како?

Фантазијата е дел од визуелизацијата која значи создавање на ментална слика во нашиот ментален простор за она кое сакаме да го оствариме, живееме, пронајдеме,доживуваме. Фантазијата ја користиме да го поттикнеме нашиот ум да визуелизира ментална слика како тоа да сме го оствариле. На нас е да се доведеме во опуштена состојба и да го одживееме тоа како да се случува сега со што се донесуваме во емоционална состојба која е посакувана. Навиките на исклучително успешните луѓе ни покажуваат дека визуелизацијата е алат кој го користат секојдневно. Што значи тоа? Тоа значи дека точно знаат која работа сакаат да ја работат, како изгледа додека го прават тоа, кои се тие во тој момент, како се облечени, со кој се комуницираат, кои детали ги има околу нив. Тие не размислуваат што се треба да направат за да стигнат таму, тие го знаат крајниот резултат и го замислуваат преку сопствената фантазија, го креираат моментот, а преку емоционалната состојба која ја предзвикуваат даваат порака дека тоа го живеат. Со тоа се активира моќниот Закон на привлекување кој е задолжен тоа да ни го оствари. Разликата помеѓу фантазијата и визуелизацијата е во АКЦИЈАТА. Оние кои веруваат се покреваат на акција тоа и да го остварат односно се прашуваат себеси : Што се можам јас да направам и зависи од мене за да стигнам таму? Тука не ги вклучуваме изговорите од типот ,,немам време,, ,,немам финансиии,, ,,немам пријатели,,. Ако целосно верувате во себе секогаш постои нешто што Вие може да го направите во врска со тоа. Иако темата е комплексна и сигурна сум дека еден ваков текст не е доволен да ви појасни СЕ еве две моќни коучинг прашања кои можат да ве покренат на размислување да тргнете по патот на визуелизацијата :

  • Каде се гледаш себе за 5 години од денес?
  • Кој треба да станеш (бидеш) ТИ за да го живееш тоа?

Околу 99 % од луѓето (научно докажано) е дека немаат конкретен одговор на ова прашање.Имаат некои магловити претстави. Исклучително успешните луѓе секогаш имаат детална слика за крајниот исход која е создадена во нивниот ум, која поттикнува емоционална состојба и која е врзана за визуелизација во која уживаат и веруваат во себе дека се такви какви што сакаат да бидат. При тоа се покреваат на акции, а останатото е работа на Универзумот. Можеби звучи лудо, но едукацијата како се прави тоа, волјата да стигнеме таму и вербата во самите себе со промена на уверувањата кои не ограничуваат се клучот.

Верувам дека оваа тема во Вас провоцира прашања и добивате желба повеќе да истражувате или да се едуцирате. Сега имате единствена можност во Битола да ја посетите Работилницата по НЛП на тема ,,Уверувања и вредности,, која ќе се одржи на 13.04.2019 год во просториите на Бизнис Академија Смилевски и еден дел ќе биде посветен на алатките со кои можеме да ги промениме нашите уверувања.

До тогаш сетете се какви бевте како деца, што верувавте за себе и дали сте задоволни од човекот во кој пораснавте!

Пишува м-р Билјана Галовска -предавач на БАС, NLP master coach

Дополнителни информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Пишува м-р Билјана Галовска Coaching&NLP

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани