
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Една доза вакцина против КОВИД-19 примиле 47.014 граѓани на Општина Битола или 57,5 проценти од населението над 18 годишна возраст, додека две дози примиле 43.666 граѓани. Во Преспаснко-Пелагонискиот Регион, само Ресен е пред Битола со вакцинирани 59,3 проценти, а потоа се Крушево со 54,2 %, Демир Хисар со 51,4 проценти. Во Прилеп прва доза примиле 51,1 отсто од граѓаните над 18 години. Овие градови во Преспаснко-Пелагонискиот регион се над државниот процент на вакцинирано население, односно заклучно со 26 септември, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 46,9% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 55%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 31%.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Горан Милевски синоќа ја достави кандидатура за градоначалник на Битола во централата на партијата. Денес, овластениот претставник на "Движењето ОДЛУЧНО ЗА ПРОМЕНИ" до општинската изборна комисија ќе ги достави потребните документи, како за градоначалник, така и за советничка листа на Битола.