2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Од утре започнува светиот месец за муслиманите, а со тоа и едномесечниот пост за Рамазан, кога верниците постат од рано наутро , па се до зајдисонце. Битолскиот муфтија Амит Расими упати апел до врениците при извршувањето на верските обреди да се почитуваат мерките за заштита од ковид-19.  

„Овој месец на Рамазан оваа година како и ланската го сочекуваме во време на пандемија со ковид-19. Нема да бидеме слободни да ги извршуваме сите обреди во џамија, ќе бидеме принудени поради општото здравје на верниците и сите граѓани да не присуствуваме на заеднички ифтари, да не бидеме заедно во џамија за терави намаз, на вечерните молитви, со една цел само да се заштитиме од оваа пандемија. Оваа година верниците ќе ги извршуваат надвор од полицискиот час обредите според мерките кои ги имаат предвидено надлежните институции. Во џамиите молитвите кои ќе се вршат ќе бидат со дистанца, со дезинфекции и држење на сеџаде секој верник кој ќе доаѓа во џамија“, рече муфтијата.  

 Тој апелираше до сите верници и граѓани да бидат што повнимателни бидејќи како што рече,  пандемијата не познава ни вера ни нација, па многу луѓе се разболуваат, млади и возрасни, многу луѓе зеде оваа пандемија, затоа повикуваме да бидеме што повнимнателни овие денови.     

„Од раната мугра верниците престануваат со јадење и пиење на секаква храна или пијалак до заоѓање на сонцето со цел да се доближат до возвишениот господар, да бидат што поискрени верници и да бидат што поблиску едни до други. Месецот на Размазн е месец на милост, на опрост, на берикет, кога возвишениот господар ги опростува сите гревови на верниците и спасува од огнот на пеколот“, додаде муфтијата Расим. 

 

Во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи на КОВИД-19 во:

-Скопје 110
-Прилеп 16
-Кавадарци 15
-Куманово 12
-Штип 9
-Тетово 7
-Кочани и Кичево по 4
-Велес 3
-Битола, Струга и Дебар по 2
-Охрид, Струмица, Неготино, Гевгелија, Свети Николе, Валандово и Македонски Брод по 1
Пријавени се вкупно 34 починати лица: 15 од Скопје (54г, 56г , 60г, 60г, 63г, 63г ,67г, 67г 68г, 69г, 69г, 71г, 76г, 76г и 80г), 5 лица од Прилеп (62г, 64г, 70г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Куманово ( 74г и 83г), Битола (59г и 75г), Штип (68г, 77г),Кочани (66г и 81г) и Кичево (66г и 68г), по едно лице од Велес (76г), Охрид (42г), Неготино (58г) и Свети Николе (68г).
Регистрирани се 1.014 оздравени пациенти од:
-Скопје 427
-Охрид 62
-Прилеп 59
-Битола 58
-Кавадарци 52
-Куманово 42
-Велес 40
-Гевгелија 35
-Гостивар 29
-Струмица 27
-Кочани 20
-Тетово 19
-Штип 18
-Валандово и Берово по 14
-Кичево и Свети Николе по 12
-Македонски Брод 11
-Неготино 8
-Крушево 7
-Струга, Делчево, Пробиштип и Богданци по 6
-Радовиш 5
-Ресен и Демир Капија по 4
-Крива Паланка, Демир Хисар, Кратово и Пехчево по 2
-Виница, Македонска Каменица и Дојран по 1
Досега во земјата се направени вкупно 670.333 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 142.034, бројката на оздравени пациенти е 117.794, на починати е 4.262, а бројот на активни случаи изнесува 19.978.

Автобус кој превезувал работници вработни во тутунска компанија од Битола, за да избегне судар со трактор, излетал од патот и се превртел. Според првичните информации, во ова сообраќајна незгода нема повредени, ниту жртви. Очевидци велат дека патниците се извлекле од автобусот без повреди , но биле видно вознемирени

Преспанско пелагонискиот митрополит  г. Петар кој е позитивен на коронавирусот и хоспитализиран во приватна клиника, вели дека не знае каде се зарази, но,  сигурен е дека надвор од Цркватa . Тој е хоспитализиран  од 23 март, кога добил позитивен тест. Сега вели дека добро се чувствува и дека веќе  нема симптоми. 

По кратко боледување денес на 73-годишна возраст почина познатиот битолски адвокат Васко Ѓоргиев. Беше еден од најбараните и најреспектирани адвокати во земјава. Учествуваше како адвокат во судски процеси  кои предизвикуваа голем јавен интерес, тоа беа случаите со судењето на Бојку Леку, Вранишковски, Душко Илиевски и многу други. Целиот живот го посвети на адвокатурата  и беше еден од најтранспарентните адвокати во земјава кој редовно соработуваше со новинарите. Годинава требаше да слави 40 години плодна адвокатска дејност. 

 

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на КОВИД-19 во: -Скопје 310 -Куманово 55 -Битола 35 -Прилеп, Охрид и Струмица по 33 -Велес 31 -Кавадарци и Тетово по 23 -Гостивар 19 -Штип и Кочани по 17 -Свети Николе 11 -Кичево, Ресен и Виница по 7 -Неготино 6 -Гевгелија и Македонски Брод по 4 -Струга 3 -Богданци 2 -Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по 1. 

Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола - 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово - 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г).

Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од: -Скопје 780 -Битола 94 -Куманово 67 -Охрид 51 -Штип 44 -Велес 43 -Тетово 33 -Кичево 32 -Гостивар 21 -Кавадарци 20 -Гевгелија 19 -Кочани 16 -Берово 14 -Струга 12 -Свети Николе и Ресен по 11 -Прилеп и Делчево по 10 -Неготино 9 -Крива Паланка 8 -Пробиштип и Дебар по 6 -Радовиш и Македонска Каменица по 5 -Виница, Демир Хисар и Кратово по 4 -Богданци и Пехчево по 3 -Македонски Брод и Валандово 1

Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.

Пишува: Александар Литовски

Во последните 24 часа се направени 5.569 тестирања, а регистрирани се 1.092 нови случаи на КОВИД-19 во:

Битолската ВМРО-ДПМЕН на прес конфернеција праша дали членови на управните одбори на јавните претпријатија во Битола   не се појавувале на состаноците, но земале пари што не ги заслужуваат

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани