
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
,,Ооооооо ботови партиски, следбеници, обожаватели, вљубеници, фанатици и слични својства на обожување кон ликот и делото на ВМРО ДПМНЕ, Левица, рекетари, “новинари”, “ лечени” новинари, луѓе кои дома немаат друга работа освен да колнат, псујат и да ми ја мешаат фамилијата, универзитетски професори од кои се очекува да се залагаат за вистината а не да бидат први кои ќе ги допотпалат огнот и разно разни “експерти” кои не го владеат MS Word :не ме думајте дотолку, јас сум супер! До клетвата да напишевте со помин, можеби ама МОЖЕБИ ќе ви се поништеше клетвата... сега веќе доцна е.". Ова го напиша пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на нејзиниот фб профил откако попладнево по нејзиното гласање во скафандер за антикризните мерки, зашто е ковид позитивна, беше изложена на јавен линч од напади, пцовки, клетви и навреди.
Општина Битола ќе обезбеди средства за да се заштитат најновите археолошки наоди, во кои има и остатоци од црква, во дворот на Јени џамија во Битола. Откако ќе заврши комплетно реставрацијата и конзервацијата на наодите во дворот, тој дел ќе биде застаклен како што е случај во ватрешноста на џамијата каде можат да се видат темели од поранешни цркви кои беа пронајдени во рамки на археолошките истражувања што подолго време се одвиваа во и околу џамијата.
