
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ќе се согледаат можностите за искористување на студентските домови како дополнителен капацитет дололку е потребно за пациенти со ковид-19, рече министерот за здравство Венко Филипче. Меѓу студентските домови што ги наброи министерот е и битолскиот. Тој рече дека за тоа дали ќе се користат ќе се води дискусија и прашање е како тоа ќе се изменаџира со Министерството за образование и во зависност од бројот на студенти кои имаат потреба од сместување.
Филипче изјави дека во Битолската болница има 37 хоспитализирани лица и има слободни кревети за следните денови.
Во последните 24 часа се направени 894 тестирања, а регистрирани се 78 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 26
-Куманово 4
-Дебар 1
-Штип 17
-Тетово 9
-Струга 3
-Битола 1
-Охрид 1
-Гостивар 5
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Пробиштип-3,
-Виница 1
-Свети Николе 5
Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје, еден од Куманово и еден пациент од Струга.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 172 оздравени лица од:
-Скопје 72
-Куманово 53
-Штип 20
-Прилеп 4
-Тетово 10
-Велес 1
-Гостивар 5
-Пробиштип 2
-Ресен 4
-Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 68.059 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7124, бројката на оздравени пациенти е 3199, на починати е 346, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3579.
Променливо облачно претпладне со сончеви периоди и појава на краткотраен дожд, а од пладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме, јавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Пишува: Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 04.07.2020 под наслов „Лазе Таневски сменет од шеф на изборниот штаб на СДСМ?“.
Пишува Жаклина Цветковска
Рецензираме текст со наслов „ После денешната аудио бомба дали станува јасно кој стои зад сериското палење возила низ Македонија?“, кој што е поврзан со објавувањето на аудио материјал, најверојатно снимен нелегално, во која се слуша разговор помеѓу две лица за кои се тврди дека се блиски до семејството Заеви.
Од утре, 6 јули, почнува со работа битолската Библиотека, а одлуката е донесена во согласност со мерките и препораките од Владата и Комисијата за заразни болести.
Силен пожар попладнево го зафати дуќанот за теписони и постелнина во Старата чаршија зад дуќаните на Ајчо на улица „Никола Тесла“ во Битола. Во интервенцијата беа вклучени три противпожарни возила и 12 пожарникари.