2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во дел од основните и средните училишта во Општина Битола, комплетно беа поставени нови 10 интерактивни табли, за осовременување на наставниот процес.

Со средства од Општина Битола во вредност од над 630.000 денари,интерактивни табли заедно со проектори, добија основните училишта „Александар Турунџев“, „Елпида Караманди“, „Крсте Петков Мисирков“, „Стив Наумов“, „Трифун Пановски“ и „Кирил и Методиј“, како и средните општински училишта „Ѓорѓи Наумов“, „Д-р Јован Калаузи“ и „Јане Сандански“.

Со овие интерактивни табли значително се подобруваат условите за квалитетна настава, се унапредува квалитетот, практичноста и видео комуникацијата.

 

Ви Битола денес се регистрирани 7 новозаболени од коронавирусот, активни се 226 случаи, а на Инфективното одделение хоспитализирани се 29 пациенти


Ронструкција на кугланата сместена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е во завршна фаза. Опремата за куглање веќе е на пат кон Битола и се очекува монтажата да започне следната недела.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани