
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По подолго време, денес беше забележана поголема туристичка група на плоштадот Магнолија во Битола. Групата беше од Словачка и со туристички водич ги разгледуваа центарот на градот, Безистенот и Старата чаршијата. Пред појавата на пандемијата со ковид-19 туристичките групи беа секојдневие во Битола, а потоа сосема запреа. Денешната слика со туристи ги потсети битолчани на убавите и побезгрижни времиња кога Битола беше на агендата на повеќето агенции кои носеа туристи во земјава. Можеби доаѓаа на еден ден, но придонесуваа за раздвиженост на Широк Сокак, ќе ручаа во некој ресторант, а и битолчани имаа чувство дека нешто се случува на турситички план во градот.
Концентациите на ПМ10 честичките и ПМ 2.5 во моментов не е мерат на четири мерни места во земјава меѓу кои и Битола 1. Причини се кај дел технички проблеми, а кај дел поради дотраеност.
-Мерниот инструмент за мерење на РМ10/PM2.5 од мобилната мерна станица во Ѓорче Петров и мерните инструменти за РМ10 од мерните станици во Карпош и Струмица се исклучени поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на PM10 од мерните станици Битола 1 и Миладиновци се исклучени поради осцилации во мерењата кои се последица на дотраеноста на самите инструменти и на нивниот извор за радијација, бидејќи оптимална оперативна работа на еден инструмент е 10 години. Мерниот инструмент за мерење на СО од мерната станица Ректорат е исклучен поради технички проблем. Мерните инструменти за мерење на O3, CO, SO2 и NO-NO2-NOx од мерните станици Карпош и Центар кои не се во функција се од производителот Orion, и за нив нема резервни делови поради престанок на работа на фабриката. Истите треба да се заменат со нови мерни инструменти од други производители, појаснуваат од Министерството за Макпрес https://makpress.mk/Home/
Во бисерот на Пелагонија, манастирот Рождество на Пресвета Богородица со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополиот г.Петар, започна чествувањето на празникот на Раѓањето на Мајката Божја.
16 Меѓународна ликовна колонија „Де Ниро“ започнува овој петок во 12:00 часот со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија „Де Ниро“, с.Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт-Гумно“, с.Слоештица, Демир Хисар. Збратимувањето и колонијата ќе се одржат во битолското село Цапари.
На настанот ќе присуствуваат ограничен број на луѓе, истиот е организиран според сите процедури и протоколи за заштита и спречување на ширењето на вирусот ковид-19.
Почнувајќи од 25-ти септември, паралелно, во целосна творечка изолација, во с. Слоештица, Демир Хисар, во „Арт Поинт – Гумно“ о во с. Цапари, Битола, на ликовната колонија „Де Ниро“, уметност ќе создаваат 15-тина реномирани македонски уметници. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на Повелба за збратимување со што ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите.
Во село Цапари од 25 -30 септември ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска , Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич . Почесен гостин ќе биде Беди Ибрахим.
На уметничкото гумно во с. Слоештица од 25 септември до 5 октомври ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.
Вечерва после полноќ, возило удри во електричниот столб на тротоарот во близина на Гроздот веднаш до трафиките кај Поштата
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот ФБ профил сподели информативно видео за тоа како ќе изгледа враќањето на училиште