2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

(Преземено од Иновативност.мк)

Дигитализацијата е поим кој ќе го одбележи туристичкиот сектор во годините што доаѓаат, а сé под императивот “паметен туризам“. Но, многу малку сме свесни што значи самата дигитализација во туризмот? Кои се конкретните примери и импликации на дигитализацијата во туризмот? Како дигитализацијата може да помогне во работењето кога се работи за сместување или дестинација?

Две жени, ентузијастки Јасминка Поповска од Струга и Катерина Василевска од Охрид, подолг период работеа на создавање на онлајн платформа која деновиве ќе биде и официјално промовирана.Станува збор за Genuine Expiriences, регионален проект позади кој работеше тим на експерти со една единствена цел да се понудат туристички продукти во форма на искуства кои ќе ја раскажат приказната за Македонија, за нашата традиција, природното богатство и пред се човечкиот капитал.

слика 1

(Дел од тимот на Genuine Expiriences)

Зошто паметен туризам?

Јасминка: Во време на брз технолошки напредок гостинот сака брз пристап до туристичката понуда. Гостите треба да ја донесат одлуката за вонпансионската потрошувачка уште кога се во својот дом. Треба да ги подгрееме очекувањата на туристите одлуката за патување да ја направат врз основа на тоа што ќе го видат како понуда, а не затоа што авионскиот билет за Македонија е евтин.

Светските патници сакаат да дојдат на места, да ги запознаат локалните жители, за миг да влезат во нивното секојдневие и тука да се чувствуваат како дома. Само со паметна комбинација на сите сите овие  фактори може да добиеме одржлив туризам.

јасминка 1024x905

(Јасминка Поповска)

Како се одвиваше креирањето на Genuine Expiriencesод идеја до реализација?

Катерина: Врз основа на сите овие сознанија, за нашата идеја добивме подршка од Прекуграничната програма на ИПА за Македонија и Албанија и ги реализиравме сите фази предвидедни со проектот, така што сега сме во финалната, кога го презентираме на јавноста и на потеницјалните клиенти.

Целта ни беше е на пазарот да креираме специфична туристичка понуда, која е далеку од мејнстримот. За тоа ни беа потребни современи алатки. Креиравме онлајн платформа на која се поставени околу 50 автентични туристички доживувања од пограничниот регион. Понуда што не може да ја најдете кај ниту една агенција, па дури ни локалните жители не се толку информирани. Ова се скриените дестинации, кои се наменети за патувачи, кои не сакаат вообичаен туризам.

Преку платформата на едноставен начин гостинот може да избере искуство и со неколку клика да резервира и да си го плати искуството. Од другата страна на системот се понудувачите на услуги, кои веднаш ја добиваат информацијата, стапуваат во контакт со гостинот и потоа и двете страни можат да уживаат во доживувањето.

слика 2

Зошто и потребна на Македонија промоција на одржлив и паметен туризам, на локално ниво?

Јасминка: Одржливо користење на природните ресурси, грижа за природното и културното наследство е единствениот начин на кој Македонија треба да се претстави на светскиот туристички пазар. Грижата која локалното население треба да ја покаже кон својата земја е она што ги воодушевува странските туристи.

слика 3

Кои делови од прекуграничниот регион ги покривате со презентирање на туристички искуства?

Катерина: Засега ги покриваме Охридско-Струшкиот регион, Пешкопеја и Дибра регионот во Албанија. Но, интенцијата е тој да се проширува. А и првите сигнали ни кажуваат дека интересот кај локалното население кое може да понуди туристичко исксутво се зголемува. Овие два региони се на различно ниво на развој. Во Мaкeдонија го покриваме туристички најразвиениот регион,а во Албанија северниот дел на земјата кој некако е во сенка од медитеранот. Но,токму тука е убавината и размената. Успеавме на направиме паметно поврзување помеѓу понудувачите на туристички искуства од двете земји. Македонските понудувачи несебично ги споделуваат своите искуства од туризмот,а пак понудувачите од Албанија не потсетуваат на подзаборавените навики, традиционални вредности, едноставното секојдневие и донекаде изгубените мали работи кои можат да го направат секој ден поубав.

Катерина 1011x1024

(Катерина Василевска)

Неодамна направивте истражување на пазарот на туризмот. Кои се заклучоците, каква е состојбата?

Јасминка: Обично во истражувањата има многу бројки, графикони и едно чудо неразбирливи заклучоци. Ќе бидам едноставна за разбирање, резултатите покажаа дека реално состојбата не е добра.

Туристичката понудата треба да се диверзифицира, a сите ние треба да покажеме повеќе грижа за природата. Ако нудиме туристичка услуга таа да биде во склоп со опкружувањето. Да не нудиме француски кроасани за доручек. Да не ги уништуваме националните паркови и да не ја изедеме целата риба од езерото. Не е хумано. Да уживаме во сонцето, во музиката и во приказните и вештините на домаќините кои сакаат да ги споделат со нас. 

 слика 4

Кои се светските, а кои се локалните туристички трендови? Можете ли да направите компарација во туризмот?

Јасминка: Македонија е посакувана дестинација за Европјаните, но и за Азијатите. Не доживуваат помалку егзотично и неоткриено… Навистина сме европски бисер. Спојот на традицијата, гостопримството и љубезноста на нашиот народ се идеален спој за да добиеме врвен светски туристички продукт. Човечкиот капитал, уметниците, музичарите, вредните домаќинки, врвните спортиси и вљубеници во природа се луѓето кои ги поставуваат трендовите. Слободно можам да заклучам дека сме на врвот, но треба убаво да се спакуваме.

слика 6

Имавте обуки од туристичкиот сектор, кои се нивните потреби?

Катерина: Да, обуките беа во насока како од вештините на понудувачи да направиме туристичко искуство. Локалците го имаат знаењето, но беше потребно време како еден мозаичар може да направи туристички продукт, да работи со туристи и да направи работилница за византиски мозаици. Како вештите домаќинки да направат кулинарско доживување и да им понудат на туристите работилница за правење комад. Како човекот што трага по тартуфи од тоа да понуди ексклузивно туристичко доживување.

Ќе може ли да ни откриете некои од автентичните искуства кои се нудат на Genuine Expiriences?

Катерина: Потрага по тартуфи на Јабланица, работилница за плетење по охридските сокаци, совладување на техниката за плетење кошници во Пешкопеја, Албанија или како се прави моцарела во Макелара исто така во Албанија.

Преку Genuine Expiriences може да добиете можност да учествувате на работилница за изработка на византиски мозаик во Охрид од врвен уметник кој работел на конзервација на мозаици во Рим. Може да ви организираме потрага по шафран во Албанија или едрење на Охридско езеро. Но, да не откривам се…ви велам егзотични и неоткриени  убавини имаме насекаде околу нас.

слика 7

 
 Кои се прогнозите за оваа летна сезона?

Јасминка: Веќе сме на половина сезона. Заради кризата со Ковид-19 домашни гости се наш приоритет и оние од соседството. Цените на искуствата се прилагодени за домашните гости. Ќе се обидиме да ги промовираме сите искуства, да направиме малку поинаква приказна за дестинацијата. Работиме на промоција и маркетинг интензивно во овој период, така што очекуваме навистина убави резултати.

 слика 8
Кога ќе заврши пандемијата, како ќе ги привлечете странските гости?

Јасминка: Овој регион изобилуваше со странски гости, можеби не во голем број, но навистина квалитетни патувачи. Нам не ни треба масовна посетеност затоа што тоа ќе ги уништи искуствата. Нашата стратегија е градена да се фокусираме на странскиот пазар, така што сме подготвени после пандемијата целосно да се отвориме кон странскиот пазар. Ова е феноменална дестинација. Ако за некој регион во јужниот дел на Европа може да се каже дека е најдобро чувана тајна, тоа е регионот на Македонија и Албанија. Област со стотици високи планини со посебна убавина, длабоки прекрасни езера, плодни посостранства и една вистински недопрена убавина. Убавина во која живее еден спектакуларен свет на флора и фауна кој овој регион го прави посебен. Со брзи и бавни реки, со немирни водопади….чиј шум одекнува низ историја напластена во археолошки локалитети од древни времиња, духовни храмови на повеќе религии. Но, и на музеи посветени на важни настани и личности кои тука оставиле траги, незаборавни, вечни…
Ова не е место на некои екстреми и егзотики видени по светот, ова е регион исполнет со нетоксични недораскажани приказни кои Genuine Expiriences верувајте ќе ги раскажеме. 

слика 9

слика 10

Разговорот го водеше Љубица Ангелкова
Фотограф: Кети Талевска

Преземено од Иновативност.мк 

Целиот текст на линк https://inovativnost.mk/2020/07/19/%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b3%d0%b0-%d0%bf%d0%be-%d1%82%d0%b0%d1%80%d1%82%d1%83%d1%84%d0%b8-%d0%b8-%d1%88%d0%b0%d1%84%d1%80%d0%b0%d0%bd-%d0%bf%d0%bb%d0%b5%d1%82%d0%b5%d1%9a%d0%b5-%d0%ba%d0%be-2/

Пишува: Александар Литовски

По дождот и сончевите периоди на небото над Битола се појавија две виножита, едно над друго,  мамејќи ги погледите на битолчани кон ѕуниците. 

Регионалното географско друштво ГЕОСФЕРА - Битола, како граѓанска организација која делува во секторите екологија и образование, заврши со имплементација на проектот „Разбудете ја ЕКО-СВЕСТА во СЕБЕ“ поддржан од Фондацијата Отворено Општество Македонија.

Беа реализирани три едукативни работилници со ученици од пет основните училишта во град Битола на тема: Справување со отпадот - Редуцирај, Рециклирај, Реупотреби! На работилниците учествуваа 76 ученици каде на интерактивен начин беа запознати со состојбите со отпадот во градот, резултатите од спроведената анкета врз 634 ученици за навиките на младите со справување со отпадоците, а преку креативни работилници и игри научија како отпадот да се селектира, рециклира и како да се реупотреби за друга намена. Работејќи во групи се дружеа меѓусебно и изработија корисни предмети, а за успешно спроведените активности, но и за продлабочување на знаењата и дисеминација на стекнатите знаења пред останатите ученици во училиштата, на сите учесници им беа доделени еколошки атласи. Обучените ученици извршија дисеминација на обуките пред останатите ученици во училиштата, со што, ја подигнаа еко-свеста кај учениците.

Беше реализирана работилница со ромското население од населбата Баир за користење на рачен алат за соголување на кабли. Покрај практичната работа со рачните алати, на населението им беше укажано на штетноста од палењето на каблите по нивното, но и по здравјето на сите граѓани во Битола. Ромското население од Горен Баир директно беше запознато со начинот на работа со алатите. На населението им беа подарени 29 парчиња на рачни алати за соголување на кабли, со надеж дека во иднина ќе се намали палењето на истите и ќе се намали аерозагадувањето во тој дел од градот. Населението потенцира дека доколку ЈП Комуналец од Битола ја откупува гумата од каблите, тоа дополнително ќе го мотивира да не ги палат каблите, на што во контакт со ЈП Комуналец и општина Битола е договорено во периодот кој следи да се организира состанок за разгледување на таа можност.

Беаанкетирани 634 ученици од пет основни училишта во град Битола за нивните навики со управување со отпадоците на училиште и дома. Учениците сами се обвинуваат за големото количество на расфрлан отпад во училишните дворови, беа спроведени 5 еко-акции, преку кои учениците на практичен начин демонстрираа како треба да се грижиме за животната средина. Но, она по што се надминаа себеси, беше идејата за спроведување на еко-патроли кои секојдневно патролираа низ училиштата, ги опоменуваа несовесните ученици и фотографираа, Геосфера достави иницијатива до училиштата за дополнување на еко-кодексот и воведување на општествено корисна работа за учениците кои ја загадуваат животната средина.

Во анкетата, од учениците беше посочено дека една од причините што расфрлаат отпадоци е и немањето на доволен број на корпи за отпадоци. Активисти на Геосфера извршија скенирање на теренот околу 23 образовни институции во градот и се констатира дека околу овие институции има само 68 функционални корпи за отпадоци, а за нормално функционирање потребни се дополнителни 130 корпи за отпадоци. Повеќе информации на следнава ИНТЕРАКТИВНА КАРТА и во БРОШУРА СО РЕЗУЛТАТИ. Како резултат на ова беше побарано од ЈП Комуналец поставување на дополнителни корпи за отпадоци околу училиштата. Во комуникација со Општината е договорено на следниот состанок да се разгледа и тој проблем.

 Според Светската здравствена организација, за одржување на јавното здравје на граѓаните, потребно е парковско зеленило со минимум површина од 9 m2 по жител, а оптимална површина меѓу 10 и 15 m2 по жител. За жал, според ГУП од 1999 год. во град Битола на граѓаните им е на располагање парковско зеленило од само 4,8 m2 по жител или половина од пропишаниот минимум. Просекот на парковското зеленило во градовите на Европската Унија се движи околу 18 m2 по жител. Поради ваквата состојба до општина Битола доставивме 13 предлог површини за изградба на паркови (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот), како и изградба на нов градски парк во Нова Битола, бидејќи во овој регион на градот не постои ниту една уредена зелена површина. За добивање на поголем зелен простор, Геосфера предлага и отстранување на дивите гаражи низ градот и нивно уредување во мали детски паркови и игралишта.

       7. Исто така, Геосфера изврши скенирање на урбаното подрачје на град Битола и ги мапира сите диви депонии во градот (истите можете да ги видите на интерактивната карта и брошурата со резултати од проектот). Констатиравме две огромни депонии со по над 50 m3 отпад во делот на Горен Баир, кај игралиштето за фудбал и каналот за прифаќање на поројните води. Каналот во еден дел е целосно исполнет со отпадоци и претставува опасност за поплавување на делови од населбата Бадембалари, заради што ќе побараме од ЈП Комуналец во блиска иднина истиот да се исчисти.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани