2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 
Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола се потврдени 7 нови случаи на COVID-19:

Премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, денеска во Владата се сретнаа со тројца родители, претставници на родителите кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство поради пандемијата со КОВИД-19, а кои реагираа на одлуката на Владата на 23 септември 2020 година сите родители на деца од 0 до 6 години да се вратат на своите работни места, поради тоа што градинките стартуваа со работа на 9 септември.

Предложено  да се отвори канцеларија на ЕВН во центраот на градот за полесно да ги плаќаат сметките за струја

Поради два големи  дефекти на водоводната мрежа, на улица "Богомила" и во населбата Горно Оризари, дел од корисниците имаат прекин во водоснабдувањето, информираат од ЈП "Водовод".
 
Екипите веќе се на терен и ќе се работи се до отстранување на дефектите на водоводната мрежа

Во Општина Новаци организирана настава со физичко присуство ќе има во ООУ „Славко Лумбарковски“ за учениците од четврто и петто одделение, и во ПУ с.Бач за учениците од шесто до деветто одделение; во ПУ с.Живојно, ПУ с.Далбеговци, ПУ с.Агларци, ПУ с.Добромири, ПУ с.Рибарци, и ПУ с.Гермијан, исто така за организирање настава со физичко присуство на учениците од четврто и петто одделение.

Во општина Битола од сите средни училишта согласност за целосно изведување на наставата со физичко присуство на учениците доби само земјоделското училишта „Кузман Шапкарев“. Дозволено му е да организира настава во две смени со физичко присуство на учениците од прва до четврта година.

Согласност за организирање настава за стручните предмети за соодветните видови подрачја со физичко присуство доби Државното музичко училиште во Битола. Но, не им е дадена согласност за организирање настава со физичко присуство на учениците за наставата по општообразовните предмети, теоретските предмети, солфеж, хор, оркестар и хорско пеење.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани