
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на припадниците на албанскиот народ им го честита празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука.
,,Чест и задоволство ми е што сум битолчанка заради безброј причини, меѓудругото и заради фактот што токму во Битола се одржал конгресот на кој албански интелектуалци ја унифицирале албанската азбука. Со тоа, овозможиле Албанците каде и да се, да пишуваат на ист идентичен начин, да ја заштитат и шират својата култура, традиција и посебност. Музејот на албанската азбука во Битола, денес ја чува одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албански јазик од средината на петнаесеттиот век. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на интеграцијата во Европската Унија", рече пратеничката.
-И како што пред 112 години била унифицирана албанската азбука, денес е време кога ги обединуваме нашите напори за унифицирање на еден подобар, помирен, постабилен, попросперитетен живот за сите граѓани на Република Северна Македонија. Предуслов за тоа е взаемно почитување. Само така можеме да се надеваме дека нашата заедничка историја ќе ја зачуваме, нашата заедничка сегашност ќе ја потврдиме и нашата заедничка иднина ќе ја обезбедиме, додаде Костадиновска- Стојчевска.
Само на Баба Планина може да ги доживеете сите годишни времиња во еден ден. И шума во есенско руво, со раскошен колорит специфичен за ова годишно време, и тмурни облаци, и магла. Па сончевина, но и молика во снежно руво.
ЈП "Водовод" за 30 од предвидените 60 дена ја заврши реконструкцијта на водоводната мрежа на улицата во центарот на градот "Димитар Илиевски Мурато" и веќе ги асфалтира сите прекопи кои беа направени при извршување на работите.
Заснежи на Пелистер, побеле во ски- центарот Нижеполе.
По повод одбележување на Денот на детето - 20 ноември Општинскиот совет за превенција од детско претстапништво заедно со учениците и психологот од СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ - Битола, организираа он лајн настан со главна цел насловена како: „Средношколците во служба на основците, затоа што заедно сме посилни“. Темата на денешниот настан беше “Булинг - врсничко насилство - како да се препознае, каде да се пријави и како да се превенира“.
Поради големиот интерес настанот се реализира во два дена, со цел да се опфатат што е можно повеќе ученици, меѓусебно да соработуваат и да делуваат во насока на градење заеднички вредности.
Градоначалничката на Општина Битола, ги поздрави учесниците, посакувајќи им успешна работа и уште повеќе видливи резултати на меѓусебна поддршка помеѓу средношколците и основците, во насока на почитување на детските права и елиминирање на секаков вид насилство помеѓу учениците.
На 20 ноември 1959 година, Генералното собрание на ОН ја усвои Декларацијата за правата на детето и на 20 ноември 1989 година ја усвои и Конвенцијата за правата на детето, во која се нагласува дека сите деца имаат права кои произлегуваат од оваа Конвенција, без оглед на тоа кои се, каде живеат, што им работат родителите, дали се сиромашни или богати, на кој јазик зборуваат, на која религија или култура ѝ припаѓаат, дали имаат некоја попреченост или инвалидитет.
Целта на одбележувањето на Светскиот ден на детето е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.
