
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен ден, 6 октомври 1943, убиен е Трајан Белев-Гоце, истанат припадник на македонското националослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскито дел на Македонија
Во последните 24 часа се направени 1841 тестирања, а регистрирани се 225 нови случаи на ковид-19 во:
Високата медицинска школа од Битола со месеци е без вода, а нема ни средства за дезинфекција, во услови на пандемија со ковид-19 кога според пропишаните здравствени протоколи во установите задолжително е одржување на хигиена, се пожалија редовни професори.
„Во една ваква криза со коронавирус вистински се срамам бидејќи Високата медицинска школа во Битола едуцира кадри за здравствените струки и ова е недозволено, пет-пест месеци нема вода, нема тоалети. Во мојот кабинет има еден прст прашина. Дезинфекциони средства нема ни едно. Ситуацијата ја прели чашата, ова е државна институиција, не може да се гонат угостителите, а државата да ги остави своите институции, односно раководителите на тие институции, да покажуваат крајна негрижа“, обвини Томе Наумов, долгогодишен професор по екологија.
Тој уште се пожали дека во неговиот кабинет нема ни интерент врска, а за Високата медицинска школа рече дека работи без да го исполнува основниот законски услов, да има 10 редовни професори, но затоа има повеќе административци отколку наставен кадар.
„Сега имав предавање по епидемиологија почнавме денес физички со дистанца. Јас предавам епидемиологија и инфектологија во оваа институција , а нема ни вода, ни дезинфекциски средства, ни санитарни чворови, апсолутно нема услови. Дури и да нема физичка настава, имавме испити, има вработени во школата, администрација, доаѓаат студенти, мора да има обезбедени услови за хигиена“, рече професорката Снежана Стоилова.
Директорката на Високата медицинска школа, професорката Домника Рајчановска, со допис до медиумите одговори на обвинувањата дека Високата медицинска школа по завршувањето на јулската испитна сесија (25.07.2020г), во почетокот на месец август започна со градежно-занаетчиски активности за санација на санитарните јазли, кои не беа реновирани последните 30 години и беа во субстандардна состојба.
„За време на оваа состојба за сите вработени во Школата и странки е обезбеден санитарен чвор, со вода и дезинфекциони средства во останатиот простор во Школата. Активностите се во завршна фаза, и очекуваме да завршат до крајот на тековната недела. Од почетокот на пандемијата ВМШ ги почитува и спроведува сите протоколи за заштита според уредбите на Министерството за здравство и Комисијата за спречување и заштита од заразни болести“, пишува во одговорите на директорката.
Во однос на обвинувањата за наставниот кадар, таа одговори дека Школата функционира со акредитирани студиски програми на прв и втор циклус студии, во согласност со Законот за високо образование.
10 поранешни функционери во две групи ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата се Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции која се уште не е објавена се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони Трајковски, Едмонд Темелко, Владимир Талевски, Тони Јакимовски, објави Телма.мк.
Адвокатот Влатко Илиевски, сопруг на ексминистерката за внатрешни и правен застапник на сите, објаснува дека се повикуваат на аболицијата на претседатлеот Ѓорге Иванов.
На веб страната на судот се гледа дека овие апикации се во фаза на таканаречени комуницирани предмети што значи дека се уште нема одлука. Обајснето е на што се однесува предметот но и на кои прашања треба да одговори државата.
Објавени се прашањата од судот што треба да ги одговори државата меѓу кои „Дали одлуките за помилување на Претседателот на државата од 12 април 2016 година беа неотповикливи“ и „Дали Актот за помилување беше од индивидуализиран карактер?“
Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера на фејсбук објасни дека овие постапки пред ЕСЧП се во почетна фаза на комуникација, дека пред 10-тина дена биле доставени на одговор до Владата а за одлука може да се почека и до 3 години. Шпекулации и притисок ги нарече информациите дека може да има последици врз предметите што се водат против овие обвинети пред домашните судови и обвини дека за опозицијата единствена визија за правда е аболицијата на Иванов. Правда мора да има за сите, напиша Маричиќ.
Илиевски вели предметот е во фаза во која двете страни можат да преговараат. Тој минатата недела иницирал средба со владата за преговори но по вчерашниот статус на министерот за правда не е е оптимист дека може да дојде до пријатеска спогодба но е оптимист во однос на исходот од постапките.
Собранието минатата година одлучувајќи по барањето за автентично толкување заклучи дека членот по кој дал Иванов помилување не постоел па врз основа на тоа надлежните објаснија дека и помилувањата биле незкаонски. Тој аргумент најавија дека ќе го користат и пред судот во Стразбур. Претходно токму помилувањата на Иванов беа меѓу гавните аргументи на надлежните во Атина и Будимпшета за да одбијат да ги испорачаат Грујевски и Бошковски.
ЈП „Стрежево“ – Битола согласно Законот за утврдување на цени на водните услуги, и ценовникот усвоен од Владата на седмата седница од 29. 09. 2020 година нема да ја зголеми цената на водата за 2021 година, наменета за водоснабдување на населението.
„Со постоечката цена од 5,15 денари за метар кубен сметаме дека можеме да ја подобриме ефикасноста на водните услуги, преку обезбедување на најдобри по квалитет водни услуги со најмалку трошоци. Анализирајќи ги сите аспекти, времето во кое живееме во 2020 година а можеби и ќе живееме и во 2021 година со пандемија од вирусот ковид -19 и влијанието на пандемијата врз економијата но и врз животот на граѓани се одлучивме цената на водата во 2021 да остане непроменета“, соопшти директорот Менде Граматковски.
Економските текови, нагласува тој, се сензитивни, па ги зедовме во предвид сите аспекти и согласно методологијата по која се формираат цените на водните услуги сметам дека правилно постапивме да останат истите цени за водоснабдување со кои ќе ги заштитиме интересите на крајните потрошувачи односно граѓаните.
„Ние како институција во идниот период со домаќинско работење и рационално трошење на ресурсите ќе ги зголемиме приходите од останатите дејности а ќе ги намалиме непродуктивните трошоци.
И со оваа цена на водата Стрежево и понатаму ќе остане успешно претпријатие и ќе инвестира во нова опрема и современа технологија, како и во нови инвестиции кои ќе носат дополнителни приходи“, вели Граматковски.