
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Жителите од улицата „Север Југ“ во Битола се жалат дека покрај контејнерите постојано се создава депонии од стар мебел. Така е и денеска, каде несовесни граѓани се ослободиле од старата покуќнина, па стариот лежај се најде покрај контејнерот заедно со дотраената врата. Но, не само овде, ова е секојдневие низ Битола
Петмина битолчани се позитивни на КОВИД-19 регистрирани во последните 24 часа, а меѓу седумте вкупно починати во државата е и 27 годишен битолчанец кој ја изгуби битката со вирусот. Во Битола денес има пет оздравени. Со ова во вкупниот број на заболени се искачи на 142, а болеста е во тек кај 73 лица од Битола.
Вчерашната сообраќајна несреќа во Преспа во која загина едно лице, а три се тешко повредени, се случилна на магистралниот пат Ресен Битола, кај месноста викана „Лебара Жито“
Јавното претпријатие „Стрежево“ од Битола им го честита националниот празник Илинден на сите граѓани на Република Северна Македонија. Одбележувајќи 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, им оддаваат почит на сите херои, борци и револуционери кои го вградија својот живот во темелите на нашата слободна и независна држава, додавајќи дека големиот празник Илинден е вечна инспирација за современите генерации во градбата на стабилна, економски моќна, достоинствена и меѓународно почитувана држава.
Од АД ЕСМ подружница РЕК Битола на граѓаните на Република Северна Македонија им го честитаат големиот национален и верски празник Илинден, кој претставува симбол за македонската непокор, желба и одлучност на многу генерации во минатото за денес да живееме во слободна и независна држава, празник во кој се чествуваат храбрите илинденци и пожртвуваните партизани од Народнослободителната војска кои ги положиле животите за создавање на сопствена и слободна држава. АД ЕСМ подружница РЕК Битола на сите граѓани им посакува овој голем ден да го поминат во здравје, среќа, радост и љубов.