
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
30 март 2020 г.
Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола се одржа традиционалната 15. Роднокрајна средба на битолските писатели во Македонија. На тркалезната маса учествуваа повеќе писатели со трудови на тема: „Моите ликови -од страв и немоќ во револт кон човечките вредности“. Модератор на средбата беше д-р Николче Вељановски. Сите текстови ќе бидат објавени во 15-тиот Зборник на излагања.
Пет битолчанки кои се соочиле со најтешката болест на деншеницата, канцерот, иако со џип, деновиве се искачиле на највисокиот врв на Баба Планина, Пелистер. Сите на возраст од 30 до 60 години, полни со живот и воодушевени од ова доживување, велат дека имало и пешачење, па кога можат тие да се впуштат во ваква авантура, може секој да дојде на 2601 метар, макар и со џип. Со нас споделуваат и фотографии од планиснкиот убавец.
Засега нема проблеми во процесот на згрижување на деца во градинките на ЈОУДГ "Естреја Овадија Мара", ја информирала градоначалничкатa Наташа Петровска, директорката на установата, Лидија Тфирст Митревска.
Во Битола денеска нема новозаболени од КОВИД-19, а оздравени се 2 лица. Има 102 активни случаи, а на Инфективното одделение во Клиничка болница Битола, хоспитализирани се 32 пациенти.
Работна посета на хотелот Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.
Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.
На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.