2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

 Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола денеска  ( 20.02.2021), по претходно добиена судска наредба, извршија претрес  во  дом кај У.К. (34) во с. Граешница, битолско и Ш.К. (29) во с. Граешница, битолско. При претресoт пронајдени и одземени се автоматска пушка, ловна пушка, сигнален пиштол, воздушна пушка, 60 куршуми за автоматска пушка, девет патрони за ловна пушка, три најлони марихуана и една вреќа) марихуана,566 семки канабис, како и други предмети. Лицата се лишени од слобода и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветна кривична пријава.оружје2

НУУБ„Св.Климент Охридски“-Битола во соработка со СОУ„Таки Даскало“-Битола, го одбележаа 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. „Зборови драги од мајчин јазик свој//милно ми паѓаат на душата кротка...“, „Јазикот поседува посебна енергија, тој е полнач на душата, ја полни и ја храни...во моментите кога душата сака да лета“, се само дел од искрените и емотивни пораки на учениците: М.Дандушевска, П.Темова, Е.Мифтари, А.Атанасовска, М.Нешковска, А.Петровска. Ментор е Н.Поповска, наставник по македонски јазик и литература. Пораките се снимени на видео материјал кој ја покажува посветеноста на младите кон зачувувањето на македонскиот литературен јазик.

Признанието ,,Златен клас" од Пелагониските културни научни средби постхумно му се доделува на битолскиот поет и поранешен новинар Панде Манојлов. Вака беше одлучено денес на одржаното редовно изборно собрание на Пелагонски културни научни средби. Едногласно се донесоа следните одлуки:

1. Избор на нов претседател е др. Весна Калпаковска на местото на Ѓорги Лазаревски,
2. Повелба за Животно дело му се доделува на проф. др. Златко Жоглев,
3. Признанието Златен клас (постхумно) му се доделува на писателот-поет Панде Манојлов. Тој беше еден од најплодните поети од Битола, во чие дело родниот крај имаше посебно место, скоро секоја песна што ќе ја напишеше беше ппсветена на Битола и животот на битолчани. Манојлов почина лани од компликации предизвикани од корона вирусот. 

Креираме образование базирано на вистински потреби на стопанството, со што бенефит ќе имаат и учениците и компаниите. Учениците добиваат пракса и потенцијално сигурно вработување по завршување на образованието, додека компаниите добиваат кадар подготвен да одговори на дадените работни обврски. Ова се придобивките од измените кон кои се стремиме на средното стручно образование во нашата земја, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Битола, каде вчера продолжија средбите со компаниите, средните училишта и локалните самоуправи.

Министерката имаше работна средба со градоначалничката на Битола Наташа Петровска, заедно со претставници на компании од општината. како и со директорите на средните училишта. Разговараа за тоа кои се потребните профили што треба да се отворат во средните училиштаво 2021/22 година.

„Преку дијалогот што се одвива во различни општини, а под мотото ‘Учи паметно, работи стручно’, имаме идеја како Министерство да поттикнеме доверба помеѓу училиштата и компаниите и реалниот сектор , на тој начин тие создаваат заеднички систем на образование и подготовска за идните кадри кои треба да бидат вработени во компаниите. Но, во текот на образованието треба да се стекнат со потребни вештини за работа, а исто така и со работни знаења и следење на културата и динамиката на работа во компаниите. Значајно е во образованиот ситем тие да добијат знаења , но во компаниите треба да се навикнат и на работниот процес“, рече Царовска.

Таа посочи дека во дуалното образование во земјава најголем дел се вклучени компании кои се странски инвестиции, но се повеќе се охрабруваат и домашни македонски фирми.151778296 869607537155428 3249778887648029818 n

„Да се вклучат и помалите компании кои имаат по неколку вработени, да вклучат по еден двајца ученици и со помош на Стопанската комора да оспособат ментори во истите тие компании и да се вклучат во остварување на работата на дуално паралелки кои во четвртата година од образованитео веќе имаат се поинтензивно учество во работен процес. На тој начин со подготвен кадар ќе стигнуваат на работните места, место да трошат време и еденргија една година од вработувањето да го оспособуваат работникот за да стане продуктивен“, додаде министерката.

Градоначалничката Наташа Петровска истака дека „навременото поставување на стратегија на струки кои ќе бидат воведени во образованиот систем, курикулумите поврзани со нив, и тоа како треба да бидат усогласени со потребите на пазарот на трудот, дефинитивно треба да се развијат низ социјални дијалози како овој во Битола.

„Длабоките болки што сме ги имале во минатото, а кои носеле тешки последици врз работната сила да се најде на пазарот на трудот со ваквив сериозен пристап навистина можеме да го видиме излезот и да имаме целокупен општествен развој“, рече Петровска.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани