2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Започнаа градежните активности за уредување на коритото од поројот во населеното место Гермијан (трети дел од км 1+152,10 до км 1+492,10). 

Општина Новаци во соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа и Светска Банка го финишира проектот "Уредување на Порој во с.Гермијан " во должина од 1500м.

Претходно со фаза 1 преку Грант од Светска Банка и со средства во висина од 16.557.000 денари се изврши уредување на коритото во должина од 900м.

Со втората фаза преку Проектот-"Заштита на животната средина во пелагонискиот регион преку инфраструктурни интервенции за уредување на речен порој во с.Гермијан" со средства во висина од 6.850.000 денари од кои од Центарот за развој на пелагонискиот плански регион преку Министерството за локална самоуправа обезбедени се 6.100.000 денари а остатокот од Буџет на општина Новаци беа уредени 300м .

Третата и завршна фаза на уредување на коритото се реализира во рамките на проектот „Заедничка прекугранична соработка за заштита на населението од природни непогоди и катастрофи предизвикани од човечки фактор (Ј-CROSS)“ кој Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го имплементира во рамките на Програматата за прекугранична соработка Interreg – IPA CBC 2014-2020 финансиски поддржана од ЕУ и Министерството за локална самоуправа.
Инвестицијата е во износ од 148.883 евра и со истата ќе се реши проблемот со поплавувањето на земјоделското земјиште како и станбените и фармерските објекти во овој дел од регионот кои често се случуваа во изминатите години како последица на поројните дождови и слабиот систем за заштита од поплави.

116495502 3122593517794855 5460553997516868653 o

116875796 3122593514461522 32923672016704496 o

Испишан е графит на оградата на Хајдар Кади џамија во Битола која беше реставрирана пред нецели четири години. Содржината на графиот очигледно е инспирирана од случувањата со Аја Софија во Истанбул, па на ѕидот со црн спреј некој испишал „Аја Софија беше и ќе остане црква“. За ова се разви дискусија на социјалните мрежи дека клутурно-историското богатство на Битола не е место за графити и натписи кои без ралика на пораката го оштетуваат надворешниот изглед на објектите за кои и онака тешко се наоѓаат пари за реставрирање, па најчесто се обновуваат со донации. Таков беше и примерот со сега исчкртаната Хајдар Кади Џамија која во 2016 година со донација од Турција во износ од 2,5 милиони ева беше реставрирана и спасена од распаѓање.

Истиот графит е испишан и на Исак џамија која исто така беше реставрирана пред четири години. 

Ова не е првпат патриотски или пораки со верка содржина да се испишуваат на објекти кои се споменици на културата, како на пример Безистенот, објекти низ Широк Сокак чии фасади се под заштита, па Безистенот, Исак Џамија и други. Но, како што пишуваат битолчани на фејсбук „ова масло не ја загрева тавата во Битола, град космополитски со широк културен дух за материјалното и верско богатство кое датрира од отоманскиот период“, туку само ќе им ја нагрде надворешноста.

„Македонија ќе биде успешен пример во елиминацијата на вирусните хепатити гладејќи партнерство во сузбивањето на болеста со експертската заедница и во соработка со цивилното општество“, рече обраќајќи се преку интернет врска регионалниот директор на СЗО за Европа, Ханс Клуге. Неговото обраќање е продолжеток на конференцијата што вечера на Светскиот ден за борба против хепатитот се одржа преку интернет врска меѓу многу здравствени експери во светот, а во организација на Хепар Центраот од Битола.

„Република Северна Македонија ќе биде одличен пример за многу земји во различни региони применувајќи иновативни решенија за лекување на ХИВ и третман на хепатитите. Новата програма за вакција протиов хепатит Б има постигнато резултат на 95 процентна заштита. Тоа е сигурна заштита на идните генерации од хепатит Б и компликациите од него од цироза и рак“, рече Клуге, поздравјувајќи ги здравствените власти во земјава и министерот Венко Филипче за издвоениот буџет за набавка на нови лекови за третман на хепатитот Ц.

Вчера на меѓународната конференицја на која се обратија екперти од повеќе делови на светот и земјава беше отпочната кампањата за рано тестирање, лекување, вакцинирање против хепатитис. Беше кажано дека повеќе тестирање, вакцинација и лекување спасуваат животи и ги намалуваат ризиците од рак и цироза за генерациите што доаѓаат. Хепатитис Ц со новите терапии може да лекува во рок од 12 недели.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани