2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Свадбарските работници од Битолаизлегоа на мирен протест на Широк Сокак барајќи од државата да ја укине забраната за семејни веселби и свадби и да донесе протоколи за нивно одржување. На протестот излегоа угостители, музичари, фотографи, цвеќари, лица кои пружаат кетеринг услуги, слаткари, златари и други дејности поврзани со свадбите. Тие се пожалија дека четири месеци немаат земено ни денари и дека ќе им пропаднат бизнисите. Ако ја пропуштат оваа сезона на свадби, ќе останат и без годинешната заработувачка. 

„Зошто концертите да бидат ослободени, фактички во полза на самите организатори, додека ние музичарите кои егзистираме од оваа работа и мометално сме на работ на егзистенцијата, една година наназад чекаме за овие свадби и веселби, сега не може да се најде начин во пресрет да ни се излезе. Има музичари кои работат дополнително други работи, но има такви кои егзистираат само од свадби и веселби“, рече Заит Алиу, иницијатор на неформалната група Свадбарски работници.

Тие испратија писма со брања до Владата, Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство. По нивни проценки во земјава има над 20 000 музичари, а годишно се прават по 15 000 свадби, од кои најголемиот дел преку лето и сега се откажани.

„Сега сме сведоци дека се одржуваат веселби и свадби во викендици каде има концентрација на луѓе на мал простор, каде условите хигиенси и вентилацијата се под нивото на рестораните. Угостителите се подготвени да донесат и дополнителни модификации на просторот за да го исполнат протоколот. Мислиме дека свадбите не се голем ризика за вирусот, бидејќи луѓето кои не ја почитуваат дистанцата се најчесто од иста фамилија, живеат во ист дом, работат на исто работно место, исто друштво, кои не само на свадбата туку и во секојдневниот живот се заедно и се дружат“, рече Благој Мустриковски.

PROTEST 2

протест 5

PROTEST

 

Слика каква ретко може да се видим меѓу македонските политичари, без при тоа да се наместат  и да позираат пред фоторепортерите. За време на изборната кампања во Битола, деновие во паркот кај Сатот случајно се сретнаа претставници на најголемите политички ривали, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ,  и срдечно се отпоздравија, при тоа почитувајќи ги препораките. Фотографите и снимателите веднаш се фатија за работа, да ги овековечат ваквите ретко моменти.

Ова е интревју посветено на една исклучително млада и талентирана екипа на софтвер инженери од компaнијата Webiart од Битола, која развива софтверски решенија за финансиски институции за домашниот, а полека го освојува и странскиот пазар од различни аспекти на финансиското работење: безбедност на информации, односи со клиенти, платни и оперативни процеси, маркетинг и друго, но она што ги прави посебни е изработката на деловен софтвер кој се базира на вештачка интелигенција, со што банкарските кредитни одбори кои досега беа составени од физичко присуство на банкари, целосно се заменуваат со софтвер кој одлучува дали се одобрува или не одреден кредит кон клиенти. Овој софтвер веќе се применува во ФинТек компании кои работат во Македонија, а за истиот се преговара и со неколку странски компании, објавува Иновативност.мк. 

Со Стефан Јончески, инженер по информатика и компјутерска техника и софтвер дивелопер во WEBIART, разговараше Љубица Ангелкова.

Поимот  ‘вештачка интелигенција’ е нешто што го имплементирате и функционира на дневна основа кон Вашите клиенти. Ве молиме објаснете ни еден конкретен пример.

“Дигитална комисија”, нашиот прв продукт кој работи на овој принцип, го реализиравме за неколку ФинТек компании кои реално се перјаница на дигитализацијата во регионот.  Станува збор за брзо и ефикасно софтверско решение кое ги заменува кредитните одбори составен од банкарски експерти. Овој продук многу ја олеснува работата со кредитирање не само за компаниите, туку и за клиентите. Без барање на паркинг места за да посетите експозитура, без чекање во ред и без закажување состаноци барателот на кредит може да аплицира од каде било преку онлајн апликација. Потоа “дигиталната комисија” преку софистицирано софтверско решение носи одлука. 

Алатката работи на принцип на “Machine Learning” што и овозможува самостојно да учи да се подобрува врз основа на сите претходни искуства. Ги собира сите податоци за клиентот , комуницирајќи со неколку различни бази на податоци. Потоа ги обработува тие податоци и со методот “Decision Tree” носи одлука за таа апликација. Доколку таа апликација не може да се одобри, дигиталната комисија нуди неколку други варијанти на износ и рок на отплата кои би биле одобрени врз основа на претходно донедени одлуки. Значи клиентот, ако е одбиен за сумата која ја побарува, добива солуции за што дополнително може да аплицира. мм2

(Стефан Јончески, инженер по информатика и компјутерска техника и софтвер дивелопер во WEBIART)

Со оглед на тоа дека алгортми носат одлуки за кредитни апликации, колку нивоа на проверки мора да поставите за да нема грешки? 

Работиме со голем број на податоци, така што мора да имаме повеќе различни нивоа на проверки за секој податок посебно. Грешки се случуваат ретко, но затоа овој принцип се вика “Machine Learning” и оваа алатка во случај на грешка самостојно се подобрува.

Колку долго вашиот тим ја развиваше оваа апликација? Дали истата беше креирана за конкретен нарачател или ја нудевте откако ја создадовте?

На оваа апликација се работеше околу 8-10 месеци додека да стигне во Alpha верзија, потоа  2 месеци тестирање, Beta верзија и старт на истата во продукција.  Нашата компанија креира сопствени софтверски производи. Само така можеме да добиеме додадена вредност на она што го создаваме. Оваа апликација ја создадовме, па ја понудивме на домашниот пазар, а потоа и на глобалниот. Можеби тоа е не е вообичаено за другите ИТ компании кои главно целат кон глобалниот пазар, но за нас попрактично е да тестираме и креираме во директен контакт со домашни компании.  

Развојот на дигиталните деловни модели и сервиси е нов стандард во финансиската индустрија која е исклучително конкуретна. Дали тоа олеснува при воведување на иновации?

Да, станува збор за исклучително конкуретна бранша. Дел од нив се под капата на големи глобални банкарски брендови, дел од нив се помали односно независни. Но, искуството од контактите ни кажува дека сите помалку или повеќе инвестираат во сопствени софтверски производи. Кај нас овие софтверски производи се поевтини од оние во развиениот свет. И тука и таму е исклучително напорно и скапо да се развиваат сопствени продукти. Но, сепак кај е поевтино од глобалното. Тоа значи дека има капацитети во ИТ комапниите во Македонија за развој на сопствени продукти што ќе имаат глобален успех.

mm3

 

Но, дали македонскиот пазар е премал за да се фокусирате исклучиво на него?

За некои продукти е премал, но е доволен ако почнувате со мали чекори. Ние работиме на создавање на многу cloud базирани продукти. Некои сами ги иницираме, а некои ги работиме по нарачка. 

Кога работиме по нарачка има олеснителена околност, во тоа што купецот го плаќа развојот. Ако софтверската фирма успее да се договори со нарачателот околу задржувањето на интелектуалната сопственост, може и понатаму да заработува од производот. Но, проблемот е што кога се прави софтвер за конкретен корисник се јавуваат многу специфики, кои што за други корисници се ирелевантни. Од друга страна веруваме дека интензивниот развој на домашен софтвер, може да не направи глобално конкурентни и ќе поттикне извоз. 

Колку треба да се познава банкарската индустрија и онаа на нефинансиските друштва за кои работите, за да испорачувате идеи до Вашите клиенти кои ќе им помогнат навреме да ја применат најдобрата технологија потребна за нивниот бизнис?

Потребно е добро да се познава основниот принцип на работа на овие бизниси. Колку повеќе ја познавате внатрешната структура и нивното работење толку подобри решенија можете да понудите. Очекувањата на клиентите се секогаш големи. Се повеќе има дигитални канали кои нудат развојни технологии, оттука и потребата да бидете проактивни и да понудите решенија кои го трансформираат деловниот модел на овие институции. Затоа мора да бидете целосно инволвирани во оваа проблематика.

Фирмите денес генерално ја разбираат потребата од нови информатички технологии. Пред некоја година ние ги баравме фирмите и ги убедувавме дека е потребно да воведат нешто ново, додека во последната година фирмите сами не бараат за со нови решенија да ја подобрат својата работа. Кога зборуваме за банките и ФинТек компаниите воведувањето на новите дигитални услуги мора да биде во центарот на нивните деловни стратегии, особено ако сакаат да бидат лидери.mm4

Здравствената криза предизвикана од COVID-19 покажа во пракса, дека комапниите кои не инвестирале во  IT можат да пропаднат побрзо од останатите, заради економската криза која го зафати бизнис светот.  Колку ангажмани имавте поврзани со ургентните опции комапниите целосно да преминат во оналјн мод на работа?

Здравствената криза реално ги  отвори очите на многу компании во Македонија, при што увидоа дека немањето на онлајн услуги во нивните бизниси значи брзо пропаѓање. Да, имавме повеќе ангажмани за компании кои итно бараа начини да воведат онлајн услуги , но имавме и такви кои имаа онлајн услуги , но кризата бараше воведување на нови алатки кои ќе им ја олеснат на нивните клиенти потребата од конкретни услуги. 

Најголемите редови, за време на кризата се направија во банките? Зошто?

Има повеќе причини за ова. Една е тоа што голем дел од граѓаните на Македонија сé уште немаат доверба во онлајн плаќањата или се постари лица што не можат да се снајдат сами за да извршат онлајн трансакција, но и во некои случаи банките не го нашле правилниот начин за да се справат со тоа. Ќе треба време да се навикне и населението, а и банките да се вклучат во целосна дигитализација, во спротивно ризикуваат со намалување на профитабилност и да “потонат” во морето на конкуренцијата која ја наметнуваат ФинТек комапниите и финанските стартапи.

-Вашите клиенти дали го имаа овој проблем? 

Комапниите за кои работиме во овој сектор, одамна се онлајн и немаа ваков проблем. Со здравствената криза само работевме на нови детали поврзани со нивните бизниси, кои ги наметна ситуацијата.

Какви треба да бидат соврмените ФинТек и банкарски институции?

Тие мора да бидат иновативни, агилни и прилагодливи. Тие мора да размислуваат да работат како ИТ стартапи, а не како институции заробени во големи системи во кои одлуките се носат тешко, а промените се бавни. Ова е време на нови финансиски институции, на оние кои постојано ќе воведуваат нови сервиси, бараат начини како да се забрзаат и поедностават процесите, се менуваат во ритамот на пазарот и навреме ги елиминираат ризиците.

Што би им порачале на потенцијалните клиенти?

Помалку папирологија, повеќе фокус врз клиентите. Време е за промени.
Ако Вашите вработени трошат време на управување со документацијата, проверување на информациите и исправување на грешките, им останува многу малку време да ги нудат, односно продаваат тие исти производи и услуги на клиентите. 

Дигитализацијата во банките и финансиските друштва започнува одвнатре-со решенија кои го менуваат бизнисот, а и профитот. Банките и ФИНТЕК компaниите кои сакаат да останат лидери, мора да го стават ИТ во центарот на нивните деловни стратегии.

Извор Иновативност.мк 

https://inovativnost.mk/2020/06/30/%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%be%d0%bb%d1%87%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b2%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%be%d1%84%d1%82%d0%b2%d0%b5/?fbclid=IwAR3hTXzPAC643QBRjzEPwy7T8qAxKVsWkuij_2sHYu2RNziBUGR8eTIrH2c

89- годишниот битолчанец, кој од Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола беше испишан вчера, е највозрасниот пацинет кој се лекувал од ковид-19 од Битола и успеал да го победи вирусот. Тој не е првиот жител на Битола од трето доба кој го преживеа коронавирусот. Во тоа досега успеаја неколкумина битолчани кои во деветата деценија од животот се излекуваа од ковид-19. Дури и првиот пацинет со оваа болест во Битолската болница на почетокот на април беше 85-годишен битолчанец, кој се излекува, а после него уште неколкумина други повозрасни пацинети.

„89-годишниот пациент од Битола беше хоспитализиран како веќе позитивен дијагностициран преку Центарот за јавно здравје кога кај него се развија симптоми на бронхопневмонија. Кај нас беше хоспитализиран дестина дена и во стабилна состојба, со добра клиничка слика, по добивање на два негативни контролни теста се испиша од Инфективно одделение. Првиот пациент кој беше од Битола хоспитализиран имаше 85 години, највозрасните пациенти кои сме ги имале се пациенти на 83, 84, 85 години и овој кој досега бил највозрасен 89- годишен, оздравени од ковид 19, испишани со два негативни теста во добра состојба“, рече Билјана Гагачовска, директорка на Клиничката болница од Битола.

Пишува: Весна Коловска

Пост од Фејсбук искористен во обид да се направи новинарски текст, а во насловот да се дискредитира вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која на Парламентралните избори 2020 е носител на листа на коалицијата „Можеме“ во Изборната единица број пет.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани