
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
ВМРО-ДПМНЕ со реакција на вчерашниот прес на СДСМ за транспарентноста на Општина Битола.
„Институциите на системот работат транспарентно кога овозможуват засегнатите страни и пред се јавноста да има навремен пристап до информациите кои ги креираат овие институции. Какво однесување една институција како општината ќе продуцира во јавноста, во голема мера зависи и дали на време ги завршила обврските кон граѓаните. А дури потоа и колку ќе им го подобри животот на битолчани во конкретниов случај. Тука забележуваме дали создале транспарентно услови за нови странски инвестиции за задржување на нашето младо и работоспособно население.
Уште со доаѓање на власт ја изгубивте довербата на битолчани. Јасни се вашите намери. Може да се пофалите со вашата нетранспарентност, пристрасност кон поединци за што говорат и посочуваат многу факти. Свежо ни е сеќавањето од вчерашните поплавени улици, неисчистени шахти и лоша инфраструктура. Сето тоа не потсети на се уште неисплатените штети од поплавите од јули минатата година. Да не зборуваме за конкурсот за велосипеди,итн.Срамно и жално е да се лажат битолчани. Транспарентност, тоа е ваша лоша страна“, пишува во реакцијата.
За 4 цм се зголеми водостојот на Преспанското Езеро за само една недела. Поради долгиот сушен период нивото на водата во езерото е загрижувачко, затоа што е 44 цм под апсолутниот минимум измерен во 2008 година. Иако водостојот е зголемен за само 4 цм, врнежите се добредеојдени по долгиот сушен период.
Почвата во пониските делови од Пелагонија е презаситена со вода, па низ нивите има појава на заезерување. Ниви покрај патот Битола- Меџитлија се претворени во езера, тоа се површини претежно под житни култури. Во изминатите 24 часа во Битола наврнаа 25 литри дожд на метар квадратен или во последните два дена 42 литри на метар квадратен. И од Центраот за управување со кризи јавија дека поради заситената почва со влага има и појава на заезерување во одредени рамници и делови на Пелагонија, Полог и други. 

Велушка Река ја претвори во кал живинарската фарма во Породин, откако вчера се излеа од своето корито и ја поплави. Нема угината живина, но надојдената река предизвика материјална штета.
