
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Целосно се реновирани просториите на двете здравствени служби кои се многу значајни за превентивната здравствена заштита кај децата, тоа се Службите за детска превентивна стоматологија и школска медицина. Реновирана е целата дограма, подот, ходниците, тоалетите. Воедно службите сега се просторно поставенио една до друга со цел подобра организација и побрза услуга на децата.
„Посебно да нагласам за превентивните прегледи на децата на школска возраст ги ставиме на едно место. Веќе не е Школска медицина како што беше во просториите до нас (делот за администрација), па чекална им беше ходникот туку сега се сите на едно место. Во Детска превентивна стоматологија ги вршат прегледите за заби, а веднаш до неа е и Школска медицина како посебен дел на превентивна медицина и тие две служби се заедно какo во една единица за превентивни здравствени прегледи на деца“, вели директорката на Здравствениот дом, Весна Спиркоска.
Од вчера до денес драстично се зголеми бројот на битолчани позитивни на ковид-19. Ако вчера имаше 43 позитивни на коронавирус, денес новозаболени се 69 битолчани. Има и 14 оздравени.
Уште еден вработен во хосписот "Сју Рајдер" во Битола е позитивен на КОВИД 19, со што вкупниот број на заболени од персоналот се искачи на 7. Од пациентите заразени се 33, а се очекуваат резултатите за уште 15.
Капиталното дело на авторите д-р Александра Литовски и д-р Роберто Трајковски „Ослободувањето на Битола и битолско, октомври-ноември 1944 година“ беше промовирано токму на 4 Ноември-Денот на ослободувањето на градот., со што заврши неколкудневното чествување по повод празникот. Настанот беше организиран во Малата сала на битолскиот Завод и Музеј, со почитување на сите протоколи, а публиката беше сведок на една пригодна промоција, посветена на сите оние кои ги положиле своите животи за денешната слобода.
Учениците од петто одделение од ОУ „Елпида Караманди“ под менторство на оделенската наставничка Фанче Јошевска подготвија и снимија литературно-музички рецитал во чест на Денот на ослободувањето на Битола и по повод стогодишнината од раѓањето на народните херои Елпида Караманди и Стив Наумов.
„Да се слави слободата е исто што и да се слави животот. Да се живее животот со целата своја достоинственост е да се почитува минатото и да се има одговорност кон иднината. 4 Ноември е ден на радоста на нашиот град кој оваа година се прославува во поразлични услови, но тоа не значи дека нашата среќа која ја споделуваме со него е помала“, велат учениците.
