2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Почина Душко Јанкуловски на 70 години. Во својата животна кариера извршувал повеќе општествено политички функции, бил заменик командант на младинската работна акција Мариово. Беше прв командант на сојузната младинска акција Стрежево 79' и прв директор на младинскиот рекреативен центар во село Нижеполе. До крајот на својот работен век извршуваше повеќе функции од финансиски сектор, беше еден од оснивачите и прв претседател на здружението за доброволно младински ангажирањa Волонтери Пелистер Битола. Беше и стечаен управник на пропадната штедилница ТАТ. 

На денешен ден,14 АВГУСТ 1900, во селото Герман, Леринско, Егејскиот дел на Македонија, роден е Богоја ФОТЕВ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Во напредното комунистичко движење од пред Втората светска војна.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1848 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1.
Починати се два пациенти, пациент од Скопје (88г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80г.) вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12357, бројката на оздравени пациенти е 8662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3163. Денес се евидентира еден контролен тест. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 5287, активни 1067
• Куманово 1214, активни 258
• Дебар 223, активни 124
• Штип 1017, активни 301
• Прилеп 348, активни 33
• Тетово 1103, активни 168
• Струга 494, активни 160
• Велес 238, активни 25
• Битола 178, активни 77
• Охрид 303, активни 76
• Кавадарци 143, активни 107
• Гостивар 610, активни 294
• Гевгелија 27, активни 11 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 4 на Богданци) • Струмица 47, активни 31 • Крива Паланка 28, активни 14 • Радовиш 36, активни 9 • Крушево 16, активни 3 • Кочани 124, активни 32 • Пробиштип 66, активни 20 • Демир Хисар 50, активни 31 • Македонски Брод 61, активни 47 • Пехчево 6, активни 0 • Берово 11, активни 7 • Валандово 7, активни 1 • Виница 42, активни 38 • Делчево 6, активни 1 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 15, активни 3
• Свети Николе 253, активни 78
• Кичево 225, активни 125
• Ресен 146, активни 10
• Неготино 33, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1848 теста се преку: ИЈЗ-792, ЦЈЗ Скопје-29, Авицена-168, Биотек-140, МАНУ -131, Жан Митрев (Филип Втори)-260, Систина со PCR метода -221, Судска медицина -12, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-9, ГАК-16. Досега во земјата се направени вкупно 120950 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 76 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 16 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 5 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 69 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 133 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани