2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3404 тестирања, а регистрирани се 1285 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-522, Куманово-43,  Дебар-3, Штип-46, Прилеп-79, Тетово-73, Струга-25, Велес-63, Битола-57, Охрид-40, Кавадарци-46, Гостивар-54, Гевгелија-17, Струмица-36, Крива Паланка-8, Радовиш-13, Крушево-1 , Кочани-22, Пробиштип-2, Демир Хисар-5, Македонски Брод-4, Берово-5,  Валандово-3, Виница-11, Делчево-11, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-44, Ресен-4, Неготино-27.  
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-5, Дебар-1, Штип-2, Охрид-3, Гевгелија-1, Струмица-1, Демир Хисар-1.

На 72 годишна возраст почина поетот и писател, хроничар на Битола и новинар во пензија Панде Манојлов. Долги години работеше како новинар во ,,Битолски весник", а зад себе остави плодно творештво од текстови и песни, како и новинарски текстови.

Панде Манојлов е автор на десетици книги поезија и проза  беше член на Друштвото на писателите на Македонија. Негови поединечни песни се објавувани на повеќе јазици. Посебно беше познат по песните за Палестина, инспириран од крвавите случувања таму минатиот век .

Добитник беше на бројни награди за неговото творештво. Повеќето од нив беа посветени на Битола. Твореше до последните денови од неговиот живот. 

Творбите редовно ги објавуваше на социјалните мрежи. На 4 октомври на фејсбук ја објави песната ,,Болеста" 

Б О Л Е С Т А

Никогаш незнаеш

од каде и кога

доаѓа таа:

дали од воздухот

што го дишеш,

дали од студот

што ти навлегол

длабоко в коски,

или од луѓе

што незнаеш ни кои се...

И почнува

болеста да те мори,

некој оган невидлив

длабоко гори,

некој студ и треска,

кашлица,

во градите болка,

коски што вртат...

Над се' надеж,

"Ќе мине!" речи

и моли се на Бога.

Болеста е опомена

дека си само човек:

со дијагноза- обичен човек...

4.10.20. Панде Манојлов

 

 

Скринингот во хосписот "Сју Рајдер“ во Битола покажа дека позитивни на коронавирусот се 47 пациетни од вкупно 61 хоспитализиран во оваа геријатриска устснова, повеќето неподвижни и со голем број комобирдитети. Тројца од нив се со благи симптоми, а останатите се асимптоматски.  

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ 

Им соопштува на своите членови старосни,семејни и воeни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на

10.11.2020 год.секој работен ден

од 11.00 до 13.00час.

Цената е 180ден/кг.

Плаќањето е на три рати.

Првата рата се плаќа со запишувањето а другите две во зависност од килограмите.

При уписот да се носи талон од пензија не постар од 2(два)месеци и лична карта.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани