2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Во организација на Младинскиот културен центар од Битола се одржа панел дискусија на тема „Ефектите од економските мерки на Владата за справување со кризата од КОВИД-19 врз стопанството во Битола“.

Настанот се организира во соработка со Локалниот економско социјален – совет на Општина Битола којшто ја издвои оваа тема за дискусија поради наејзината актуелност а со цел да им се даде можност на битолските стопанственици да дискутираат на темата и да извлечат заклучоци и решенија кои заеднички би ги адресирале до донесувачите на одлуки на локално и национално ниво.

На денешен ден, 31 октомври 1942, во Битола е убиен Јонче МУРЏЕВСКИприпадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. 

Роден во селото Ѓавато, Битолско, на 5 мај 1920 г. По професија земјоделец. Од пред Втората светска војна е симпатизер на прогресивното комунистичко движење, а честите и блиски контакти со Тодор Ангелевски и Трајан Белев-Гоце се една од главните причини политички да се активира. Најнапред стана член на југословенската младинска комунистичка организација (СКОЈ), секретар на нејзиниот комитет во родното село, а потоа и член на КПЈ

Еден од раководителите и најактивните комунисти во Ѓавато, а неговата куќа беше редовно место за одржување на партиски состаноци и криење на илегалци. Покрај редовните партиски должности, одржува и контакти со Партизанскиот одред "Даме Груев". 

Учествува во организирањето на нападот од овој одред врз бугарскиот полициски подучасток во селото Кажани на 18 август 1942 г.

 По големата провала во врска со оваа акција, на 22 август 1942 г. беше уапсен од бугарската полиција и затворен во Битолскиот затвор. Тука беше подложен на долготрајна физичка тортура. Во октомври 1942 г. бугарскиот суд го осуди на смртна казна со бесење и таа набрзо беше реализирана во Битолскиот затвор.

подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

 

Во организација на Државните електрани денеска се спроведе еко-акција за чистење на ски-патеката на Копанки од отпадот. На акцијата се приклучија планинари, скијачи, љубители на природата, а како што велат од ЕСМ,  целта е подигање на јавната свест за соодветно одложување на отпадот, за важноста од зачувување на природата и на планинските центри како места од особено значење, како и и промотивна подготовка на патеката пред почетокот на зимската сезона. Акцијата се спроведе со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од КОВИД-19.

Во услови на пандемија со ковид-19, само 18 советници кренаа два прсти за да ја изгласаат иницијативата на Општина Битола да се даде донација од 10 000 евра за Клиничка болница во Битола за набавка на апарати за кислородна поддршка.

Останатите беа отсутни, односно исклучени кога се гласаше по оваа точка на денешната седницата што се одвиваше онлајн поради коронакризата. Во советот има 31 советник, а нешто помалку од половината не гласаа никако за помошта што треба да ја даде Општината за да се обезбеди дополнителна кислородна поддршка за хоспитализираните пацинети од ковид-19.

Точката беше изгласана зашто кворум имаше, а освен овие 18 советници кои ја поддржаа, другите беа отсутни. Меѓу нив советници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  и Поинаку, меѓу кои има и здравствени работници.

Точката на дневен ред беше најавена уште на почетокот на седницата, а се гласаше како крајна. Инаку ја иницираше градоначалничката Наташа Петровска со цел да се помогне на Инфективното одделение во Клиничка болница каде до денес беа хоспитализирани 67 пацинети.

Инфективното одделение во Клиничката болница е регионален центар за ковид-19, а подготвуваат и нови капацитети за понатаму со оглед на тоа дека бројот на пацинети со коронавирус расти. . Во Битола денес имаше 33 новозаразен со коронавирус, а бројот на активни случаи е 269. .

Во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 во: 

Продуцентот и организатор на манифестацијата „Незборав“ и главен и одговорен уредник на магазинот за хумор и сатира Панде Димитровски од Битола е еден од годинешните добитници на наградата „4 Ноември“ за едногодишно остварување. Наградата му се доделува за успесите постигнати во организрањето на манифестацијата „Незаборав“ која годинава слави јубилеј од 10 години како ги негува трајните вредности во македонската музика и акцентот го става на музичарите со потекло од Битола, како и за успешниот прокет „Без навреда“ кој овој месец одбележува 15 години од излегувањето во печат на првиот број.

Димитровски во рамките на својата продуцентска кариера има организирано над 400 концерти за детска популарна музика. Пет години работеше на издигнување на детскиот фестивал „Си-до“, а беше и извршен продуцент на телевизиската серија „Здраво Генијалци“ од 31 епизода, која се емитуваше 4 години на МТВ.

Наградата „4 Номеври“ е највисокото општинско прознание која традиционално ја доделува Општина Битола секоја година по повод Денот на ослободувањето на градот. 

На денешен ден, 30 октомври, во 1942 г. во Битола е убиен Борис СТРЕЗОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичкото движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани