
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола и регионот кој го покрива (Битола,
Кичево, Ресен и Демир Хисар) заклучно со 24.06.2020 година земени се вкупно 952
брисеви за COVID-19 од кои 435 по епидемиолошки индикации, 187 преку упатување
од матичен лекар преку системот Мој термин и 330 брисеви од вработени во градинки
за скрининг.
Позитивни резултати за COVID-19 се добиени кај 127 лица, од кои 41 се со место
на живеење во Битола, 10 во Кичево, едно лице во Демир Хисар и 75 во Ресен. Според
исходот на заболувањето кај 92 лица болеста е во тек (12 од Битола, 6 од Кичево и 74 од
Ресен), 31 лице се оздравени и кај 4 лица болеста имаше смртен исход.
Од вкупниот број на лица кај кои болеста сеуште е во тек (92 лица), 19 лица се
хоспитализирани.
Во Ресен вкупниот број на заболени лица заклучно со 24.06.2020 година изнесува
75. Кај 74 лица болеста сеуште е во тек (59 лица се на домашно лекување, 15 се
хоспитализирани), додека кај едно лица болеста имаше смртен исход. Над 300 лица се
ставени под здравствен надзор како контакти на позитивните лица со место на живеење
во Ресен.
Центар за јавно здравје Битола
Несовесен возач ја загрозил безбедноста на вработени на ЈП „Паркинзи“ додека обележувале пешачки премин во центарот на градот. Од „Паркинзи“ апелираат до возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат сообраќајните правила.
Пишува: Мирослава Бурнс
Објавеното партиско соопштение на ВМРО ДПМНЕ на веб страницата на 24 Инфо, осамна без никаква атрибуција на изворот, со интегрално пренесување, без стандардното и многу потребно оградување кое што инаку има за цел да ја обезбеди професионалната дистанца меѓу политичките субјекти и новинарите.
Пишува: Ване Трајков
Порталот Република oбјави напис со наслов ,,Мизрахи: Истото сценарио за разрешување, власта го пробува и кај Чулев’’ во која екс министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, тврди дека власта се обидува да го разреши Наќе Чулев на истиот начин како што тоа го сториле во нејзиниот случај. Како што се наведува во текстот, станува збор за пренесена изјава од телевизиско гостување.
Ваквиот вандалски чин на осквернавени спомен бисти е надвор од секое здраво човечко убедување. Борците овековечени во овој парк се дел од нашата историја и тие сведочат за бескомпромисната борба за независноста и самостојноста во која денес живееме, изјави Тања Крнчева од Форумот на жени при СДСМ на денешната прес конференција откако вчера со боја беа потурени спомен бистите на партизаните во Битола.
,,Само елементарно непознавање на нашата историја или од голема желба да се згазне врз еден временски период и врз нечиј лик и дело може да го доведи човек да го направи ова и тоа токму на денот кога се одбележуваше смртта на еден од тие народни херои, Тодор Ангелевски -Строгов или Тошо Даскало. Битола дала илинденци, народни херои, жртви во последниот воен конфликт, но овој кукавчики и дрзок чин не е ништо освен болна навреда за споменот на нив", рече Крнчева.
Социјалдемократскиот Сојуз и Форумот на жени на СДСМ како долгогодишен соработник на Сојузот на борции , но и како граѓани поддржувачи и продолжувачи на делото го осудија ваквиот чин. Покренаа акција со која ќе се саниира направената штета во соработка со ЈП Коммуналец. Од ова ЈП денес почнаа со чистење на спомен бистите.
Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога Термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Тоа значи дека нема зголемување на загадувањето туку дека мерењата се за различни периоди, соопштија од РЕК „Битола“ по објавувањето на Ивештајот на мрежата Бенкович дека комбинатот во 2019 година ги дуплирал испутениот сулфур диоксид и прашина.
„Податоците на мерните станици за следење на загадувањето во Битола, во континуитет покажуваат концентрации на SO₂ стотина пати пониски од пропишаниот праг. Врз количеството на емисиите влијае бројот на работни часови на РЕК Битола, а во 2019 година трите блока на РЕК Битола работеа речиси секодневно во текот на дванаесетте месеци. Зголеменото производство на електрична струја секако подразбира и зголемени емисии. Во 2018 година се вршело мерење на емисиите во дел од месеците кога Термоелектраната Битола работела, а во 2019 година емисијата се мерела речиси без исклучок, секој месец. Реалните податоци, пак, за емисиите подразбираат волја на менаџерскиот тим на АД ЕСМ и РЕК Битола отворено да ги согледаат проблемите и да најдат соодветни решенија за истите. Оттаму, не станува збор за “дуплирање” на емисиите, туку за промена на начинот на нивното мерење, како и динамиката на работење на Термоелектраната Битола“, соопштија од РЕК „Битола“.
АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола ги поздравуваат напорите на сите организации и поединци во справувањето со еден од најгорливите проблеми во нашата земја – загадувањето на животна средина. Додаваат дека нивниот однос кон овој проблем изминатите три години беше отворен, инклузивен, искрен и транспарентен.
„Разликата во податоците од мерењата на емисиите помеѓу 2018 и 2019 година се јавува заради повеќе фактори. Најпрвин, мерењето на емисиите не се одвива континуирано, туку периодично. Согласно обврските од Дозволата за усогласување со Оперативниот план за заштита на животната средина, АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола се во постапка за набавка на опрема за континуирано следење на емисиите и истата се очекува да биде инсталирана до септември годинава. Напоменуваме дека обврските за заштита на животната средина, содржани во Оперативниот план ги презеде актуелното раковдство на АД ЕСМ и РЕК Битола, иако постапката беше започната уште во 2007 година. Ние имаме искрена намера обврските за заштита на животната средина да ги ставиме во институционална рамка и новиот и ревидиран Оперативен план го подготвивме во декември 2019 година. Но, АД ЕСМ и РЕК Битола не се сами во постапката. Свој придонес мора да дадат сите, вклучувајќи го и Министерството за животна средина“, соопштија од РЕК.