
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие „Комуналец“ ќе поставува подземни контејнери низ Битола со што ќе се подобри хигиената со збирање на отпадот во Битола, а ќе се врши и селекација. Советот на Општина Битола денес донесе и одлука да можат да се постават овие садови за комунален отпад иако досега не беа предвидено со урбанистичко-планската документација.
Подземните контејнери ќе се изработат како бетонски шахти , вкопани во земјата, а ќе се постави и подвижна метална конструкција. Бетонските шахти ќе се покриваат со носиви, метални платформи, врз кои ќе се постават метални кутии со ротационо, подвижни капаци за фрлување на отпадот.
Вчера во Службениот весник на РСМ се објавија измените и дополнувањата на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, со што и официјално од вчера вечерта стапија на сила и законските измени со кои сите инспекциски служби добиваат нови поголеми овластувања при постапување со прекршителите на здравстевните протоколи.
Конкретно, вчеравечер инспекциските служби постапуваа според новите овластувања. При тоа од страна на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државата се извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и Здравствените протоколи.
Најмногу контроли и надзори се спорведени во Скопје, односно 213 контолри и 12 надзори, при што не се констатирани прекршувања на здравствените протоколи, потоа во Битола ( 9 надзори и 131 контроли), Штип (3 надзори и 83 контроли), Кавадарци (3 надзори и 63 контроли), Струмица (2 надзори и 50 контроли), останатите контроли и надзори се во Тетово, Охрид, Куманово, Битола, Струга.
Инаку, според новите измени и дополнувања на Законот за заштита на здравјето на населението од заразни болести, доколку на терен инспекткорите констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент ќе му се изрече привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот на лице место ќе биде затворен. Дополнително, според новите измени, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект. За микро, мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорен на правно лице, трговец поединец или физичко лице. Со ова сакаме да покажеме и правичност и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна.
Советот на Општина Битола донесе одлука комуналната такса и во текот на зимскиот период да остане намалена на 5 денари за метар квадратен, а не на 15 како што беше пред појавата на пандемијата со ковид-19.
„Ќе донесеме одлука со која комуналната такса ја намалуваме на 5 денари за зимскиот период од 15 ноември до 15 април. Во минатотото се плаќаше по 15 денари, сега ќе биде 5 денари од метар квадратен. Тоа ќе биде помош за угостителите и за сите оние што продваат и надвор, едно олеснување во оваа економска криза поради пандемијата“ рече претседателот на Советот Валентин Груевски.
Комуналната такса беше намалена пред неколку месеци со појавата на коронакирзата, а сега поевтинувањето е продолжено за пет месеци.
По повод 75 годишнината од почетокот на наставата на македонски јазик во средните училишта во земјава, во Гимназијата ,,Јосип Броз Тито" промовирана е книгата ,,Народните херои и академици од Битолската гимназија", на адвокатот и поранешен ученик во оваа образовна институција Никола Главинче.
Воедно беа промивирани и три ново опремрни училници донација на печатницата ,,Киро Дандаро", Ротари клубот и Техничкиот институт од Германија, како и донациите на Општина Битола од над 400 000 денари опрема на училниците со мебел и за секоја училница е обезбедрн по еден телевизор.
Со книгата се одбележуваат и сто години од раѓањето на народниот херој Стив Наумов кој исто така беше ученик во оваа Гимназија.
Членови на опозицоната ВМРО-ДПМНЕ вечерва возејќи со коли низ Битола протестираа против загадениот воздух. Редици од автомобили кружеа низ битолските сообраќајници свирејќи. На крајот на протестот пред општинската зграда оптегнаа транспарент со натпис „Битола инвертирана гасана комора“, упатувајќи критика дека со проектот за субвенционирање на 2500 инвертер клими во Битола власата како што рекоа,сака да ги прикрие другите неостварени проекти за чист воздух.
Иванчо Тошевски преку пост на социјалните мрежи соопшти дека протестот е организиран поради ветените, а неостварени проекти на власта, меѓу кои прочистителна станица за која како што пишува, се пробиени роковите, а биле обезбедени средства од претходната власт, па топлификација за која исто така биле обезбедени финансии од претходно, гасификација и модернизација на електростатските филтри во РЕК кои не се оствариле.
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за време на своето владеење во Битола за да го подобри квалитетот на воздухот во 2017 година кога зачестија протестите за чист воздух распиша тендер за субвенционирање на печки на пелети. Тоагаш беа издвоени 6 милиони денари и се субвенционираа 20 000 денари за секое домаќинство.
Сегашната власт за 2500 инвертер клими за кои беше распишан оглас, ќе издавои 155 000 000 денари и максималниот износ на субвенцијата што ќе може да го искористи еден барател изнесува 55.800 денари нето или 62.000,00 денари бруто со данок на личен доход.
Од редовите на ВМРО-ДПМНЕ беше и екс градоначалникот Владимир Талески кој за време на неговиот мандат додека имаше протести за чист воздих велеше дека не може ништо против божји сили кои загадуваат и дека е модерно да се простетира за аерозагадување.
