2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 

При изведување на градежните работи за реконструкција на старата трибина на стадионот под "Тумбе кафе" во Битола, пронајдени се и дислоцирани 591   артилериски гранати  од Првата светска војна со калибар од 75 мм

„Доколку пандемијата со ковид-19 ни се случеше во 2017 , немаше да можеме да одговориме на овој предизвик како сега во 2020 година“, рече Весна Спиркоска, директорка на Здравствениот дом во Битола при денешното примопредавање на донацијата од Израел. Пред три години кога беше назначаена за директор во установата затекнала недостаток на медицински кадар, па со согласност на Министерството за здравство досега се вработени 27 доктори кои придонесуваат за здравствена грижа на населението во услови на коронакирза.

„Медицинскиоит персонал во овој момент е главниот сегмент кој пожртвувано се бори со вирусот. Кога дојдов како директор имавме огромен недостаток на медицински кадар, многу пензионирања, долги години не се примаше медицински кадар. Главно вработувањата биле на помошно технички персонал и со преземање на средно медицински кадар од други институции. За 12 години биле примени само шест до седум доктори, а во изминатите три години дури 27“, рече Спиркоска.

Таа посочи дека Здравствениот дом има обезбедено комплетна организација на работниот процес на обезбедување здравствена заштита на населението на град Битола дури и во услови кога постои опасност од ковид-19.

„Иако имавме добро организирани набавки за обезбедување на медицински средтсва за заштита од сопствениот буџет, сепак имавме огромна поддршка од Министерот за здравство Венко Филипче , како и од градоначлничката Наташа Петровска. Имавме и донации од фармацевтни куќи, работни организации, а од надворешните донации, значајно место зазема донацијата од Израел, односно амбасадорот Дан Ориен и внуката на доктор Хаим Абраванел, Рахел Шели Леви Драмер. Тие во овие тешки моменти на пандемија нас ни донираат два дефибрилатори, кои се од посебно значење за здравствениот систем. Шели во писмо ни напиша како внука на Хаим Абраванел, родена во Македонија дека е многу горда за мостот што се гради помеѓу Ирзаел и Република Северна Македонија со совој хуманитарен чекор“, рече Спиркоска.ZDRAVSTVEN DOM

Во Здравствениот дом денес израелското Министерство за надворешни работи подари два дефибрилатори за Итната медицинска помош. Оваа установа го носи името „Хаим Абраванел“ по првиот лекар специјалист по интерна медицина во Битола кој бил Евреин.

Итната медицинска помош за време на коронакризата има полни раце работа, а како што изјави директорката Спиркоска, просториите на служабата беа целонсо реновирани уште лани. За годинава планирале да го подноват и возниот парк кој се состои од шест комбиња, едно набавиле во 2019 година, а другите се застарени. Но, дел од средствата од годишниот план за набавки ги пренамениле поради ковид-19 за заштитни средства за вработените и пацинетите.

Марија Герас Дочовска , економски советник на израелскиот амбасадор Дан Оријан соопшти дека тој веќе обезбеди финансиска поддршка во опремувањето на новиот Дијабет центар кој се планира во Здравствениот дом да биде готов во почетокот на 2021 година. Понатаму, во соработка со Министерството за здравство е отпочната постапка за реновирање на старата азбестна кровна конструкција над целиот објект, за која што Израел изјави спремност да помогне во инсталирање на најнова генерација фотоволтаици.

 

Битолскиот Народен театар ги одложи сите претстави и подготовката на новата премиера, поради неколку вработени кои се позитивни на КОВИД19. Оваа информација од НТБ ја соопштија на социјалните мрежи денеска

Вандали ја уништиле спомен плочата која се наоѓа на куќата на Блаже Рогозинарот во Битола.

Денес на регионот за ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола се потврдени 36 нови случаи на COVID-19:

-28 во Битола (лица на возраст од 2 до 78 години; 16 лица даваат податок за контакт со веќе позитивно лице);
-6 во Кичево (лица на возраст од 29 до 68 години; 3 лица даваат податок за контакт со позитивно лице);
-1 во Ресен (лице на возраст од 65 години);
-1 во Д. Хисар (лице на возраст од 48 години).

Денес се регистрирани 22 оздравени лица (15 од Битола и 7 од Кичево), и едно починато лице на возраст од 70 години од Ресен. Лицето почина во болнички услови.

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани