
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Организација на жена од Битола ја испочитува традицијата и заврти мазник со паре. Да го најде парето среќа имаше претседателката Светлана Петковска. Досега не испуштила ни една Василица да врти мазник со членките од Организацијата, но среќата да ѝ падне парето и се насмевна дури по 30 години. Петковска смета дека годинава ќе биде наклонета кон женскиот активизам и борбата за поголеми женски права.
Огромен пад на посетители во двата професионални театари во Битола бележи Државниот завод за статистика во податоците објавени за сезоната септември 2018-јуни 2019 година, во однос на претходната 2017/2018 година. Намален е и бројот на одиграни претстави како на домшана сцена, така и на гостувањата надвор од Битола. Според ДЗС, ланската сезона двата професионални театри имале 9614 посетители, што е сериозен пад во однос на сезоната 2017/2018 година кога имало речиси 25 илјади посетители.
Неколку дена Битола е притисната од магла поради што и дневната температура останува околу нула степани. Покрај маглата има и значителна ниска облачност, а темературата во ноќните часови паѓа до минус пет степени. Својствено, во услови на магла и загадувањето на воздухот е зголемено, зашто маглената капа не дозволува проветрување. Според интернет страницата на Министерството за животна средина во Битола зголемени се концентрациите на ПМ10 и ПМ 2,5 честички.
Ж.З.
Нашиот кандидант за Оскар, документарниот филм „Медена земја“ повторно се прикажува на раперторот на 3D Кино во Центарот за култура во Битола.
Предвидени се проекции
Сабота 18.01.2020. 22:00
Недела 19.01.2020. 22:00
Сабота 25.01.2020. 20:00
Недела 26.01.2020. 20:00
Верни на традицијата, а и со желба да внесат среќа во животите на своите штитеници, мазник со паре се вртеше и во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Среќа да му се пади парето имаше Јован Ристевски. Инаку во Порака обичајот да се врати мазник со паре за Василица се одржува пет години откако е отворен социјалниот клуб. Во него се одвиваат бројни активности со цел поддршка на различните таленти на членовите и нивна дружба.
Во 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој.