2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

 По повод Празникот на мимозите на Херцег Нови, град збратимен со Битола, познатите мажоретки настапија на Широк Сокак.  Со играта и музиката го раздвижија Широк Сокак , а на битолчани освен уживање во нивната игра им подарија и мимози. Рекоа дека пролетта веќе се чувствува во нивниот град

ЗА СОЛУНА, ЗА СТАМБОЛА, НЕА НЕ ДАВАМ (НЕДЕЛНА РУБРИКА) 

Битола годинава ќе биде домаќин на караванот на 51-виот Празник на мимозите, кој го организира Општина Хергег Нови, Црна Гора.

Трудот со шифра „SHARP“ на авторите Дејан Томски и Мила Ролиќ е избраниот труд од петте конкурсни трудови, кои пристигнаа на распишаниот конкурс за избор на решение за редизајнирање на кружен тек кај месноста „Дулие“ во Битола, на тема „Круг на јарболите“.

Според жири комисијата, идејата на авторот и инвентивноста на овој труд, соодветствува на целокупниот амбиент со силен уметнички израз. Пораката што ја пренесува решението е целосна, издржана и силна – ракување, решението е транспарентно, лесно и економично за изведба со можност за етапна градба. Жири комисијата заклучи дека сите пет трудови ги задоволија условите пропишани во конкурсот.

Градоначалникот на Општина Битола, како распишувач на конкурсот ќе организира изложба на конкурсните трудови во просториите на Општина Битола, на која ќе биде доделена награда од 60 000 денари за првонаградениот труд и по 6 000 денари за секој труд кој ги задоволи критериумите на конкурсот. 

Градоначалничка Наташа Петровска, денеска соопшти дека Општина Битола поднела кривична пријава против поранешниот градоначалник Влдимир Талески, за злоупотреба на службената положба. Петровска рече дека кривичната пријава се однесува за донесување на првано неиздржан акт при легализацијата на планинарскиот дом “Копанки“

Утрово "Комуналец" ги чисти остатоците од ѓубре што вчера беа запалени на обиколницата кај дивата населба. Покрај смет гореа и гуми, па чад и непријатна миризба се чувствуваа и во градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани