
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Колку битолчани беа побогати во минатото покажува петминутната снимка направена за време на социјализмот во Битола, а објавена од Алберт Сулеј на јутјуб. На снимката се гледаат полни улици луѓе, Широк Сокак, чаршијата и пазарот со врвулица од минувачи, продавачи, купувачи, граѓани со торби во рацете. Минуваат и запрежни коли кои разнесуваат млеко. Дотерани луѓе, град во подем, паркови и тротоари полни зеленило. Среден Офицерски дом, Безистен, чисти улици, повеќе велосипеди од возила. Период на кој дел битолчани денес се сеќаваат со носталгија. Не попусто се пееше „Битола, бабам Битола, таму се живот живее, таму се јаде и пие...“
Светиот крст во водите на реката Шемница во битолското село Црно Буки го фати 26-годишниот Роберт Тасевски, нашинец од Шведска. Момчето по татко води потекло од Црно Буки, а со семејството живее во Шведска. Тасевски не пропушта поголем празник , а да не го посети Црно Буки. Така и годинава за Водици беше таму и беше меѓу групата од петанесетина жители на селото кои скокаа по крстот. Од Црно Буки велат дека неговото семејство е почитувано меѓу месното население, а дека Роберт е верен навивач на фудбалскиот клуб „Црно Буки“ и го помага.
Ж.З.
Со традиционалното фрлање на светиот крст во осветените води во сите православни храмови во општина Новаци се одбележа големиот христијански празник Богојавление-Водици .
Главната церемонија се одржа во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во с.Новаци каде на светата богослужба присуствуваа голем број на верници.
Од шеснаесетмината пријавени за фаќање на светиот крст оваа година најсреќен беше Христијан Стојановски кој за првпат го извади светиот крст .
Градоначалникот Љубе Кузманоски од името на општината му додели вредносен ваучер.
Општината обезбеди парични награди за сите среќни фаќачи на светиот крст во сите 16 населени места каде се негува традицијата на одбележување на Водици.
На светиот чин на фрлање на крстот во населените места с. Добромири и во с.Рибарци присуствуваше претседателот на Совет на општина Новаци Наумче Смилевски кој му ги врачи вредносните ваучери на среќните наоѓачи на светиот крст.
Градоначалникот Кузманоски на сите оние кои беа најсреќни и го фатија светиот крст му посака здравје , среќа и бериќет а на своите верници од општината им го честита Богојавление -Водици .
СВР Битола, Отсекот за превенција за време на празникот Водици на три локации во Битола во верските објекти Св. Недела, Св. Димитрија и Св Богородица дела флаери со совети за превенција во сообраќај, заштита од кражби и поротехнички средства. Оваа превентивна активност беше спроведена во рамки на прокетот „Полицијата и граѓаните заедно“, а во соработка со РСБСП и Општинската организација на Црвениот крст, како и учениците од „Таки Даскало“.
Маглата ќе попушти, следува период на стабилно време со слаб до умерен северен ветер, поради што условите за магла ќе се намалат, валат од УХМР.
Денеска времето променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. По одделни котлини ќе има појава на магла. Во западните планински подрачја ќе има услови за провејување на снег.
Младата Кристина Николовска беше единствената девојка меѓу скокачите по крстот во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Кристина покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот.