
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Авторот на антологиските староградски рефрени Валентин Соклевски заедно со битолските Боеми во ресторанот Грне вечерва заедно ја пееја "Ратка Маџунка" додека повеќе групи битолчани вртеа мазник со паре.
Од секоја фотографија снегот на Пелистер прави своја приказна. Натежнати гранки, распослани падини под снежната покривка, убавини како во бајки.
Планинарката Илинка Ристевска, е годинешниот среќник кој го најде парето во мазникот што го вртеа членовите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола. Околу педесетина планинари денес во помошните простории на Копанки вртеа сукан мазник со паричка за среќа во пресрет на православниот празник Василица. Ова е традиција која битолските планинари ја практикуваат речиси 80 години, мазникот со паре наместо по градските кафеани да го свртат на планина.
Со години, парето се вртело во планинарскиот дом „Копанки“, но откако тој изгоре и уште не е обновен, обичајот се прави во други простории или на отворено, но важно да е на Пелистер. Годинава при вртењето на мазникот планинарите си посакаа в година празникот да го чекаат во обновен планинарски дом „Копанки“.
Бројката од 80 девојки кои тренираат фудбал во Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“ покажува дека кај битолчанки има интерес за спортот кој до неодамна важеше за машки. Битолскиот клуб е еден од најстарите женски фудбалски клубови во земјава, а секоја година расте интересот за упис.
„Голем број битолчанки играат фудбал. Женскиот фудбалски клуб Топ гол постои 12 години и е еден од најстарите клубови за женски фудбал во земјава. Целото опстојување е од самофинансирање и со спортистки од нашиот град. Со спортските ваучери и помошта од АД ЕСМ ќе имаме можност да побараме и некое зајакнување. Но, главна цел и обврзани сме тие средства да ги искористиме за девојки од градот Битола“, вели основачот и тренер на „Топ гол“ Кире Грбевски.
(Основачот и тренер на „Топ гол“, Кире Грбевски, првиот од десно)
Тој додава дека интерес има, кај нив тренираат 80 девојки, а досега четири пати биле младински шампиони на Македонија. Имаат 12 репрезентативки скоро во секоја од четирите категории, а работат со неколку тренери.
„Организациски сме поставени како машките клубови, но со помал буџет. Сега со донациите и спортскиот ваучерски систем се надеваме дека таа рабта ќе се промени и ќе биде подобро“, рече Грбевски.
Ж.З.
АД ЕСМ денес потпиша договори за финансиска поддршка на спортски клубови од Битола по основ на таканаречен спортски ваучер систем. РК „Пелистер“ ќе добие 8,5 милиони денари, КК „Пелистер“ 2,5 милиони денари, ФК „Пелистер“ поддршка од 1 милион денари, ЖРК „Пелистер“ 750.000 денари. Поддршка врз основа на спонзорства и донации ќе добијат и Кугларскиот клуб Пелистер и Женскиот фудбалски клуб „Топ гол“.
Од понеделник секој ден од 11 до 13 часот во Националната универзитетска библиотеката „Св. Климент Охридски“ ќе им се читаат бајки на децата, во детската читална. Проектот е насловен „Да им читаме на децата“.
Од Библиотеката порачуваат: „Треба само да ги донесете Вашите деца без мобилни телефони!!!“
Нема ограничување на возраста.
Книгите се нешто волшебно. Тие им овозможуваат на децата да откријат нови светови, да запознаваат нови работи и да учат за минатото, но исто така имаат и преобразувачка моќ.