2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Ескплозија на плинска боца се случи денес околу 11 часот во рибарницата „Делфин“ во Новиот пазар. Од СВР Битола потврдија дека  случајот е пријавен кај нив, а интервенирала и Противпожарната единица. За време на експлозијата во рибарницата била вработената, која по настанот била пренесена во Клиничката болница во Битола. Портпаролката Сузана Конеска за Апла.мк информираше дека донесено е женско лице  во Ургентното одделение, видно вознемирена, но без повреди. На жената ѝ е дадена соодветна терапија. Од експлозијата искрешени се стаклата од дуќанот,  а настанот предизвикал страв и вознемиреност кај битолчаните кои работат и пазарувале во Новиот пазар.boca

Редакција Апла 

Започна со работа првото лизгалиште во Битола.

Првороденото бебе во Новата година  во Клиничката болница во Битола претпладнево го посети градоначалничката Наташа Петровска. Девеојче по име Евгенија е прва радст на нејзините родители, а се роди пет минути по полноќ, по нормален пат. Петровска  на мајката и го честита донесувањето на свет на првото нејзино дете и прво бебе во Новата година во Битола.

На чист воздух, сонце и релаксација после новогодишната ноќ ,битолчани од утрово заминаа во ски- центарот Нижеполе.

-Почитувани пријатели, посетители на нашиот ски-центар ,персоналот на чајџилница и сите вработени ви ја честитаат Новата 2020 година со желби за многу здравје,љубов и бериќет..!!!
Ве покануваме на заедничко дружење и оваа година ,ние сме тука за вас секој ден од 07.30 до 15.30. Повелете ве очекуваме, пишуваат вработените во ски-центарот со кој стопанисува ЈП Стрежево.

81251307 1002021476844439 7521171567103967232 n

80796316 1002108780169042 4325925635017932800 n

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈППЈЛП Битола на 01.01.2020 година (среда) ќе бидат бесплатни за сите граѓани.
Работата на сите паркинг места ќе продолжи на 02.01.2020 година (четврток) со вообичаено работно време.
За време на Божиќните празници на 06.01. (понеделник) и 07.01.2020 година (вторник) сите паркиралишта со кои стопанисува ЈППЈЛП Битола ќе бидат бесплатни за граѓаните.
Тимот на ЈППЈЛП Битола на сите граѓани им посакува среќнои Новогодишни и Божиќни празници.
 
 

 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани