
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Снегот предновогодишно ги израдува битолчани. Во последните години ретко се случуваше Нова година да ја дочекаат со снег. Не се очекува снежната покривка да се здражи долго, но сепак донесе претпразнична романтика и почист воздух во Битола.
Предновогодишна магија во Ниже Поле. Во петокот вечерта во дворот на црквата Св. Петка се одржа првиот Нижеполски базар. Настанот беше од хуманитарен карактер. Целта беше паричните средства кои ќе се соберат, да се донираат на самата црква за потребите на мештаните.
На сите пензионери и пензионерки од општините Битола, Новаци и Могила, Здружението на пензионери од Битола им ја честита Новата 2020 година и Божикните празници и им посакува добро здравје и долг живот.
Оваа зима за првпат во Битола проснежи. Но, според синоптичарите снежна покривка нема да се задржи. И утре се очекува да провејува снег. Температурата денес и утре од три степени до минус четири Целзиусови.
Ж.З.
Општина Могила гради пешачка патека долга 500 метри која води низ населбата се до реката Шемница каде за празникот Богојавление Водици се фрла крстот. Патеката се гради по барање на жителите на Могила, а со цел поголема безбедност на учениците и пешаците.