2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола ја соопшти програмата за дочек на Нова година на плоштадот Магнолија

Недела 29.12.2019

10:50 – 11:20 – Детска театарска представа – Дружината на Лајко сезнајко и Дедо Мраз (Фото Пинк)  

11:20 – 11:50 – Работилницата на Дедо Мраз ( Театар  Дел Арте )

11:50 – 12:20 - Новогодишен детски,музичко – драмски Концерт ( Група Триангл)

12:20 – 12:50 - Дедо Мраз во трговски центар ((Драмско студио Арт Медиа)

12:50 – 13:30 – Детска театарска представа ,, Налутениот Дедо Мраз” (Солза и Смеа)

13:30 – 14: 00 – Театарска претстава ,, Новогодишни Случки “ (Театарска Школа Фабрика за мечти – Интимен театар )

14:00 – 14:30 - Новогодишна Сајбер збрка (Петар Спировски)

Новогодишна програма – вечерен дел :

 

Вторник 31.12.2019

21:00 – 21:45  - ДЈ Рикардо (музика и видео)

21:45 – 22:45 -  Кон Тру ДЈ

22:45 – 23:30  - Фанк‘ Д Ап Бенд

23:30 – 01:00 - Зарина Првасевда

 

Шарматната и талентирана млада музичка ѕвезда Тамара Стојковска ќе биде дел од музичарите кои на најлудата ноќ во годината ќе ги забавуваат битолчани на плоштадот Магнолија. Апла.мк дознава дека пред настапот на глвната ѕвезда на вечерта, етномузичарката Зарина Првасевда, со музички нумери присутните битолчани на плоштада ќе ги забавува и Тамара Стојковска. На македонската јавност ѝ е позната по убавиот глас. Досега има снимено неколку забавни песни, а ја препеа и легендарната песна „Ако одам во Битола“ која на градот на конзулите и Македонија своевремено им ја подари композиторот и текстописец Петар Георгиев-Калица. Тамара за Нова година ќе настапи заедно со „Фанк Д АпБенд“. 

Ж.З. 

Трите малолетни деца кој таткото ги силувал во сопствениот дом, сега се згрижени и заедно со мајката се безбедни, информираат од Ценатрот за социјални работи во Битола. На 58 годишниот битолчанец  по барање на обвинителството, Основниот суд од  му одреди 30 дневен  притвор.

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 58-години, осомничено дека сторило три продолжени кривични дела – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 во врска со чл.45 од Кривичниот законик.

Осомничениот, повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола извршил други полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола достави предлог за определување притвор за осомничениот.  Судот го прифати предлогот и на лицето му определи притвор во траење до 30 дена.

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола ја известува јавноста дека Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е објавена на официјалната веб – страна на Министерството за животна средина и просторно планирање http://www.moepp.gov.mk/?page_id=16091 .

Информации во врска со Нацрт А - Дозволата за усогласување со оперативен план, заинтересираната јавност може да добие во Министерството за животна средина и просторно планирање (e-mail Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

Засегнатата јавност, во рок од 14 дена од денот на објавата, има право да достави мислења и коментари во писмена форма до Министерството за животна средина и просторно планирање, Плоштад на Пресвета Богородица 3, 1000 Скопје.

Објавата на Нацрт А – Дозволата за усогласување со оперативен план е плод на динамични и содржајни преговори помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и РЕК Битола. Оперативниот план содржи редица на мерки и активности кои РЕК Битола се обврзува да ги исполни во даден временски период, со цел производството на електрична енергија да биде во согласност со еколошките стандарди на Европската Унија. Документот ја потврдува заложбата на АД ЕСМ и Подружницата РЕК Битола, а со тоа и Владата на Република Северна Македонија како сопственик на компанијата, за системски и систематски чекори во борбата за чиста животна средина.

Инаку, апликацијата за добивање на А – Интегрирана еколошка довола, РЕК Битола ја испрати до Министерството за животна средина и просторно планирање во ноември 2007 година.

Вработена лекарка во Итна медицинска помош од Битола вчера  пријавилa дека истиот ден на Булевар „1-ви Мај“ физички била нападната од две лица

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани