2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Започна санацијата на спортското игралиште во  ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Ова е прва интевенција на игралиштетот изградено по 40 години, а покрај комплетно санирање на површината. ќе биде поставена нова спортска опреа, а ќе биде обновена и заштитна мрежа на спортското игралиште. 

Поради еден стар кафез не може да се бара затворање на Зоолошката градина во Битола која е единствена во југозападниот регион, вели директорот Марјан Наловски. Веќе два дена на социјалните мрежи се врти фотогрфија од мајмун во стар кафез со лоши услови во битолската Зоо градина, што предизвика бурни реакции од граѓаните.

Наловски не негира дека имаат еден стар кафез за мајмуни, но дека истиот планираат годинава да го реновираат. За кафезот веќе е направен елаборат и издадена е градежна дозвола. Но, состојбата е таква што ќе бара детална обнова, односно одново да се изгради. Кафезот во изминатиот период не бил реконструиран попради економнска неисплатливост зашто не е поврзан на новата канлизациона мрежа и водовод..

Јавното претпријатие „Стрежево“ и покрај крајно неповолната хидролошка состојба, веќе има обезбедено вода за РЕК „Битола" и ЈКП “Водовод", беше посочено на денешната средба на директорот на „Стрежево“ Менде Граматковски со директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на РЕК „Битола“ Златко Ќурчиевски.

„Потребните дванаесет милиони метри кубни вода се обезбедени во целост. Остануваме фокусирани на реализација на предвидените заеднички цели со АД ЕСМ, со прецизна стратегија, јасен фокус и визија во сите сегменти од заеднички домен“, рече Граматковски.

На средбата беше потенцирана заложбата за развој на сигурна енергетска иднина, инвестирање во обновливи извори на енергија, како и соработката во оваа насока меѓу двете институции за заемно искористување на капацитетите на знаење и техничка поддршка.

Денеска на сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари, најави од Битола министерот за земјоделство Трајан Димковски, при посетата на фарма во Потпелистерското село Дихово..

 -Пред една недела се исплатија субвенциите за одгледувачи на говеда, а денес се исплатени субвенциите за обележани грла овци. На сметките на 3213 одгледувачи на овци легнаа субвенциите во висина од 607 милиони денари. Ова е само уште една потврда дека субвенциите се исплаќаат навремено и неселективно. Од идниот месец ќе се исплатат субвенциите за свињи, кози и пчели, рече министерот Димковски. 

87773149 488779928466415 8066369742086078464 n

 
Почна реконструкцијата на патот за Маловишта , единствено село кое е сместено во Националниот парк "Пелистер" и прогласено за заштитена споменична рурална целина. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани