
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Токму оваа Влада ги сослуша и послуша наставниците во нивните барања за исклучување на екстерното тестирање, токму оваа Влада минатата година во септември им даде 5 проценти згоемување на нивните плати, а исто така оваа учебна година започнува со зголемување на платите уште за 5 проценти за наставниците, нешто што не се случувало години наназад. Правото на штрајк е право кое што е регулирано со закон, но како педагози треба да водиме сметка дека станува збор за прв училишен ден кој е исклучително значаен, особено за првачињата, а тој момент секој педгошки работник треба да го има предвид. Во оваа прилика сакам да нагласам дека без разлика кои се правата за кои се борат просветните работници, секое дете мора да биде згрижено . Постои форма како треба и мора да биде згрижено, рече градоначалнчката Наташа Петровска, праша дали во сите училишта започна првиот училишен час
Денеска почна учебната година за 945 првооделенци во Битола, а од Општината велат дека училиштата ги отвориja вратите за првачињата. Дел од учениците биле примени на првиот училишен ден, а за други наставата почнува утре поради штрајкот на СОНК за повисоки плати на просветните работници, кој е предупредувачки и ќе тре само еден ден.
На денешен ден, 1 септември 1944 година, загинал Славко ЛУМБАРКОВСКИ, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија.
Привршуваат градежните активноси во кругот на Клиничката болница во Битола, со кои се подобруваат приодите кон оваа установа.
Разиграно, креативно и во многу бои ЈОУДГ „Естреа Овадија Мара“ги прави последните подготовки пред почетокот на новата учебна година во сите објекти на установата !
ОУ „Елпида Караманди“ за прв пат аплицира за два проекти од Ерасмус плус програмата преку Националната агенција на Р.С.Македонија и успеа да ги добие, соопшти советничката на СДСМ во битолскиот совет Емилија Костурска. Проектите се дел од Мобилност на вработени-кадар во училишното образование и Соработка за иновации и размена на добри практики. Вчера на седница на Совет средствата предвидени за овие проекти се прифатија со измени на буџетот на Општина Битола и овие проекти едногласно беа прифатени од советниците од власта и од опозицијата.