
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Денеска во Битола традиционално беше одбележан Денот на руската дипломатија, а на Рускиот крст во Градскиот парк делегации на Амбасадата на Руската Федерација, Општина Битола, почесните конзули, Сојузот на борци и други невладини здруженија положија свежо цвеќе, по повод 117 годишнината од смртта на рускиот конзул и диломат Александар Ростковски.
Старото улично осветлување во битолската населба Карпош се заменува со нови ЛЕД штедливи светилки. Светилките не само што ќе го подобрат квалитетот на осветлувањето, туку и ќе донесат и заштеда. Дел од градот веќе е опфатен со ЛЕД осветлувањето, а градоначалничката Наташа Петровска најави дека ќе бидат поставени во секое уличе.
Битолскиот Завод и музеј го промовираше 22. Зборник на трудови, научно списание од исклучително значење за оваа институција, кое годинава, по подолга пауза, го финансираше Министерството за култура.
Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, вечерва се обрати на свечената академија по повод 75-годишнината од наставата на македонски јазик во битолската гимназија „Јосип Броз -Тито“.
Настанот силна порака за негување на македонскиот јазик
Пред присутните во Народниот театар во Битола, премиерот Спасовски истакна дека овој настан и оваа свеченост по тој повод, е силна порака за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на нашиот македонски јазик.
„Седумдесет и пет годишнината од наставата на македонски јазик во гимназијата „Јосип Броз Тито“ во Битола е само еден од бисерите од низата од која е составена богатата историја, традиција и вредности на нашиот македонски јазик. Секој од тие бисери има свое длабоко и суштинско значење, па така и гимназијата ‘Јосип Броз Тито’ со овој свој јубилеј“, подвлече премиерот Спасовски
Две раце што се ракуваат, како порака за добредојде во Битола, јарболи со знамиња на земјите кои имаат конзулати во Битола и нивното ритмичко вертикално издигнување, што треба да ја претставува планината Баба. Вака ќе изгледа кружниот тек на влезот во Битола од старата на Прилеп. Ова е архитектонското решение на двајцата млади автори Мила Рориќ и Дејан Томски, што всушност е победнички проект на јавниот повик „Круг на јарболите“ што го објави Оштина Битола, а денеска пред јавноста беа претставени петте пристигнати идејни решенија и победничкиот проект.
