2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Заклучно со денес во Центарот за јавно здравје во Битола земени се брисови од вкупно 320 лица за КОВИД-19. Од нив,  кај 270 се земени по епидемиолошка анкета, а кај 50 лица преку матичните лекари по системот „Мој термин“.

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ од Битола врши редовно чистење и дезинфекција на јавните чешми. Од претпријатието велат дека секогаш се во служба на граѓаните. Ианку, се чистат и дезинфицираат јавните чешми во Јени Маале, Бела Чешма, во Паркот, Брусничка населба, кај Болницата и на други места. водовод 2

водовод 4

На денешната седница на Влада донесена е  одлука за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници.

На 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 14 часот и ќе трае до 05 часот наутро следниот ден.

За лицата над 67 годишна возраст, во петок, сабота и недела ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот.

Сите деца и млади лица до 18 години, во петок, сабота и недела ќе може да излегуваат од 12:00 до 14:00 часот.

Остануваат на сила сите други мерки за заштита од Ковид-19 донесени од Владата на Република Северна Македонија.

Хотелот „Молика“ на Пелистер испрати опомена пред раскинување на договорот до фирмата која ги снабдувала со млечни производи, откако минатата недела лице сместено таму во државен карантин се пожалило на квалитетот на млечниот производ.

„Во хотелот беше испорачан пакуван прехрамбен производ кој не беше во исправна состојба и го утврдивме тоа по отворањето. Од наша страна беше направен записник од фактичката состојба и писмено региравме до производителот и добавувалчот со кој имаме случено договор за добавување на млечни производи во хотелот. Нивниот пропуст се одрази врз нашиот имиџ и на нашите гости. Дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропусат“, рече Никола Каровски, извршен директор во „ЕЛЕМ Турс“.

 Постојат луѓе кои секогаш можат да кажат што би направиле со некоја ситуација која не е нивна, и не ја преживеале во тој контекст. Точно знаат како би реагирале да се таму од таа перспектива. Кога навистина ќе дојдат во таква, па и слична тогаш се лутат на оние другите кои од туѓите чевли кажуваат коа е најправилна одлука. И, секоја чест на оние исклучоци (каде бил секој од нас) кои се само поддршка на патот “по кој тешко се оди” пропратен со страдање, додека не се даде време и пронајде другото поглавје од животот.

На животните патеки не постои правилно и погрешно. Не е ничија работа да суди зошто некој останува во ,,лош", брак, зошто некој не работи, зошто некој дал отказ, зошто некој останува со партнер кој го изневерил, зошто некој постојано се истакнува, зошто во нечии живот кој не е ваш, постои нешто. Ако не е ваше, тогаш немате право да се мешате во одлуки кои не знаете дали се добри за личноста која ги носи. Во туѓите чевли многу е лесно, секогаш е полесно!!! Гарантирам!

Она што може ние да го научиме, а што ни го пружа НЛП како алат се “перцептуални позиции.” Тоа е начин да ,,влеземе,, целосно во туѓите чевли, во релации кои нам ни се важни со цел да видиме, слушнеме и почувствуваме како се чувствува другата личност во однос на дадена ситуација со нас. На тој начин освестуваме наше манифестирано однесување, тон и боја на глас – што значи на каков начин се обраќаме, кои емоции ни се читаат преку невербалниот говор, како другата страна се чувствува поради тоа. Од туѓите чевли можеме да влеземе во ,,неутрални,, од каде ги согледуваме двете страни. Додека сме насочени на нечии постапки за кои ние ,,знаеме,, како треба, подобро да се насочиме кон себе, со цел да дознаеме како не треба и не сакаме да се однесуваме со дадена личност, важна за нас во слична или иста ситуација.

На тој начин полесно ќе допреме до луѓето кои нам ни се важни, ќе развиеме емпатија и сочувство, но ќе добиеме јасна слика каква личност сакаме да бидеме.

Пишува: м-р Билјана Галовска, НЛП тренер, предавач на Бизнис Академија Смилевски

Инфо: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

(Ставовите изнесени во колумните не се ставови на редакцијата на Апла.мк. Затоа Апла.мк не сноси одоговорност за содржината на истите)

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани