
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Гоце Делчев самиот кажал и напишал чиј е, а за тоа на кој јазик зборувале Гоце Делчев и Браќа Миладиновски нема смисла да спориме во 21 век. На Австрија не и пречи да зборува германски јазик, а да биде независна држава, рече вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов на денешната промоција на книги за Тодор Александаров, полковник Дранго и други личности во Битола.
Доаѓањето на лидерот на ВМРО- Бугарска национална партија да ги промовира книгите токму во Битола, ги разбрануваа емоциите на битолчани. Пред самиот почеток на промоцијата за влакно беше избегнат инцидент откако музичарот Славчо Спировски Слав му упадна во збор и го негираше тоа што Каракачанов го кажуваше за Делчев.
Општинскиот инспекторат врши редовни контроли на терен, а само во вчерашниот ден беа забележани неколкумина обиди за палење на оган во Трново и Битола.
Општинскиот Сојуз на Борци од Битола се противи на доаѓањето на Красимир Каракачанов, вицепремиер и министер за одбрана на Република Бугарија да ја промовира неговата најнова книга посветена на Тодор Александров, оваа сабота во Битола
Проектот „Од рурална жена до успешен претприемач без стереотипи и дискриминација”, што го реализира Здружението за едукација на земјоделци „Зелана Берза“ има за цел да се надминат стереотипите кои се однесуваат на дискриминацијата на жените, а тие да се издигнат на ниво на успешен претприемач.
Современа повеќенаменска механизација во вредност од 3.300.000 денари која ќе ја користи ЈП„ Комуналец“ , намени општина Битла од грантот од 7.238.850 денари од Светска банка во Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги.
КЈП „Нискоградба“- Битола ги известува своите порошувачи, дека сметките од „Нискоградба“ може да ги плаќате во наплатниот центар на трите Јавни Претпијатија (Нискоградба, Водовод и Комуналец) на ул „Рузвелтова“ бр. 5 (Работнички универзитет) и во Дирекција на Ул „Бул 1ви Мај“ бб без провизија.
