2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска ја поздравува иницијативата на РК Еурофарм Работник и одлуката на Советот на Општина Битола донесена на последната седница, која се однесува на спроведување и реализација на Платформата за ракометна Битола. Воедно ги повикува сите вклучени субјекти ( Совет на Општина Битола, РК Еурофарм Работник и РК Пелистер) за навремена информираност и за овозможување на неопходните услови предвидени во Платформата за успешно спроведување на истата, се наведува во соопштението од Општина Битола.

На локации во Битола и нејзината околина и во главниот град деновиве се одвива снимањето на првиот македонски филм снимен на турски јазик со работен наслов „Најтешкото нешто“ во режија на турскиот режисер Сердар Акар, а во продукција на Сектор Филм од Скопје.

Статистичките податоци покажуваат дека традиционално, во летниот период,  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, а со тоа двојно се зголемува и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Минатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во несреќи на патиштата низ државата, а за да се намали оваа бројка , летово се реализара кампањата под мотот „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно. Оваа лето, безбедноста на прво место!" - Вози одговорно!

Возрасен битолчанец пријавил дека на паркинг во Битола по расправија со две лица едниот извадил пиштол и упатил закани по живот. Полицијата не открива дали кавгата била за паркинг место или сосема нешто друго. Заканувачот се уште непознат за полицијата. 

Голем број верници вечерва ја посетија црквата " Св. Пантелејмон"  во близина на студенскиот дом на улицата "Студентска" во Битола, каде спроти утрешниот   празник  за здравје палат свеќа или пак доаѓаат да се напијат од светата вода која извира од изворот во црквата. Се верува дека оваа вода помага во лекување на очни и кожни заболувања. 

Годинава награда за докуметнарен филм ќе додели и Општина Битола. Одлуката општината домаќин да дели награда на филм од документарната програма паднала затоа што и браќата Манаки на времето својата филмска кариера ја започнале во областа на документаристиката.

Македонскиот музички волшебник, кој средно музичко училиште го завршил токму во градот на браќата Манаки, Битола, композиторот Љупчо Константинов, е годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ што годинава по јубилеен 40 пат ќе се одржи од 14 до 21 септември во Битола. Наградата ја доделува Друштвото на филмски работници на Македонија.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани