2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Општина Битола и „Еурофарм Работник“ се усогласија околу главните теми за фузија на двата ракометни битолски клуба во еден. Како што денес изјави Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола, за „Еурофарм Работник“ прифатливи се заклучоците што беа донесени пред два дена на општинскиот Советот. За нив прифатливо е сопствеништвото во двата клуба да биде 75 проценти на „Еурофарм Работник“, а 25 проценти на Општината. Понатаму, приватниот субјект годишно да вложува 45 милиони денари, а Општината 15 милиони денари. Оваа сезона да се игра со сино-бели дресови, а в година да екипите да имаат и сино-бели и зелено-бели дресови. За понатамошно договарање останаа само одредени режиски трошоци околу Спортската сала.

Драган Видановски е нов директор на рудници во РЕК-Битола, додека за директор на производство е назначен Стевче Божиновски.

 

Одблокирани се сметките на 13 основни и средни училишта во Битола преку средствата што беа обезбедени од државниот буџет, соопшти претседателот на Советот Валнетин Груевски на седницата на Совет каде се носеше кварталниот извештај за извршување на буџетот за 2019 година. 


Драстично се намалуваат цените за паркирање во Битола, најави Зоран Дојчиновски директор на новото Јавно претпријатие за паркинзи чиј основач е Општина Битола и кое во иднина ќе управува со зонското паркирање. 

Македонската песна „Море сокол пие“ маестрално прозвучи од гитарите на виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на концертот во Хераклеја. Беа придружувани од позната виолинистка од Лос Анџелес. 

Не остана празно место на концертот на виртуозите Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на Хераклеја.

Два земјотреси за само неколку минути беа регистирани во Корча, Албанија

Првиот беше во 16, 21 часот со јачина од 4.4 степени според Рихтер, на длабочина од 10 километри, 124км од главниот град на Албанија, Тирана, односно во близина на Корча.

Вториот во 16,28 часот нешто послаб со јачина од 3.4 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 5 км, 127 километри од Тирана.

Двата земјотреси беа почувствувани во Битола, Охрид и Струга

 

И во месец јули, тимот на Државна видеолотарија остана посветен на  реализирањето на нашата визија. Под слоганот „Играј за забава, играј одговорно, реализирани се неколку цели, со кои придонесуваме кон создавањето подобро општество за сите. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани