2win800x200

Анета Блажевска

Анета Блажевска

Верни на традицијата, а и со желба да внесат среќа во животите на своите штитеници, мазник со паре се вртеше и во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Среќа да му се пади парето имаше Јован Ристевски. Инаку во Порака обичајот да се врати мазник со паре за Василица се одржува пет години откако е отворен социјалниот клуб. Во него се одвиваат бројни активности со цел поддршка на различните таленти на членовите и нивна дружба.  

Во 1920 година во Битола е роден Петар (Пецо) БОЖИНОВСКИ-Кочо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија, народен херој.

Магла после Ѓавато

Јануари 14, 2020

Иако на највисоката точка на планинскиот превој Ѓавато е вистинска пролет, на неколку стотина метри на патот кон Битола, влегувате во густа магла, а видливоста е околу  200 метри.

Од денот на Христовото раѓање 7 јануари, па се до Богојавление 19 јануари се некрстени денови. Според народните верувања во тпј период по земјата шетаат духови, лоши сили и демони. Водата во овие денови е некрстена, се вели дека крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите. Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски посено за Василица ветувајќи дека на тој начин ги ркаат лошите друхови. Игрите под маски во Битола се наречени бабарски, а ги изведуваат битолските бабари. Во минатото ги имаше во големи групи од по десетина бабари, а во последните години во група по три-четворица.

Ж.З.

Бабарите и годинава  го „окупираа“  пелагониското село Новаци. Облечени во кожуви  и со обесени звона, маскирани во зет и невеста и други маски  тие денеска ги разбудија новачани, продолжувајќи ја традицијата на обредна магиска игра за време на некрстените денови со цел да се изгонат разните лоши духови. Тајфата бабари од Новаци со игра, песна  и шеги ги расположија присутните, негувајќи ја традицијата од дедо и прадедо. 

Бабарите заиграа и пред зградата на Општина Новаци, каде ги пречка градоначалникот Љубе Кузманоски. 

рррр

laj

 laj laj

 

Советничката од СДСМ Жаклина Наумовска и годинава беше најсреќна меѓу триесетината битолски советници кои го испочитуваа адетот и свртија мазник за Василица. Ова е втора година како ѝ паѓа парето меѓу советниците. 

„Честита Василица, посакувам успех во работата на Советот, носење на добри ослуки во интерес на граѓаните на Битола, на сите битолчани успешна и среќна да им биде Новата 2020 година“, пореча советничката Наумовска. .

 

Додека во Битола времето е магливо и облачно, Ниже Поле е огреано од сонце. Токму тоа го потврдуваат фотографиите од Ски центарот „Ниже Поле“'- Стрежево објавени на фејсбук. Местото е одлично за уживање овие зимски денови, има снег, сонце и чист воздух. ски 4

ски 5

ски

ски6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани